Секој човек сака да живее среќен и успешен живот.
Во исто време живеењето и работењето во денешното секојдневие носи големи предизвици.
Ако сакаме да ги совладаме треба постојано да се менуваме и развиваме.
СИМБИОТИКА ги препозна тие предизвици и се формираше за да го иницира и
да го помогне развојот на индивидуите и организациите.
НА ИНДИВИДУАЛЕН ПЛАН:
СИМБИОТИКА има за цел да учествува во создавање на самоиницијативни, способни и самосвесни единки кои самостојно или во склоп на некоја организација ќе ги користат своите неограничени потенцијали, успешно соочувајќи се со сите предизвици на динамичното општество.
НА ОРГАНИЗАЦИСКИ ПЛАН:
СИМБИОТИКА има за цел да помогне во создавањето на ефикасни, организирани, одржливи и човечки ориентирани организации кои ќе бидат средини за постигнување на одлични резултати, а во исто време ќе бидат место каде членовите ќе се чувствуваат целосно прифатени и со желба и мотив да работат, да се развиваат и егзистираат
како дел од нив.