Ние во СИМБИОТИКА веруваме дека:
- човекот е во постојана еволуција и развој.
- секоја индивидуа и организација поседува неограничени потенцијали да биде успешна, да ги остварува своите поставени цели, а истовремено да функционира со внатрешна хармонија и среќа.
- колективната промена и развој може да се случи само преку индивидуална промена и развој.
- резултатот е важен, но идентично важен е и процесот за постигнување на резултатот.
- секој човек има одговорност за состојбата на системот во кој живее и работи и личната иницијативност за мудро дејствување е крајно неопходна.
- секоја промена може да се случи преку конструктивно дејствување во согласност со правните и законските норми, во рамките на системот.
- за секој предизвик постои решение без да се наруши човековото достоинство, како и без да се наштети на животинскиот и растителен свет на планетата.
- само со вложување од 100 %, во сè ќе има развој!
- добрата тимска работа и квалитетното лидерство се основата за успех на секоја организација и на целата заедница во целина.
- искреноста кон себе и кон другите е клучна за постигнување на личен и организациски развој.
- без разлика на етничката, религиска, расната, полова и друга различност, сите ние сме дел од една човечка цивилизација и треба да работиме заедно за нејзиното највисоко добро.
- луѓето можат да живеат во симбиотична заедница, помагајќи и надополнувајќи се едни со други без да си нанесуваат штета.