СИМБИОТИКА своите цели ги остварува преку:
- Реализација на обуки, предавања, семинари и слични едукативни активности за индивидуален и организациски развој;
- Спроведување на самостојни проекти и иницијативи;
- Учество во заеднички проекти и иницијативи со други организации;
- Јавно застапување за прашања од заеднички интерес;
- Примена на активно граѓанство;
- Иницирање и основање на нови коалиции и мрежи;
- Членување и дејствување во веќе основани коалиции и мрежи;
- Давање на консултантски услуги за развој на организации;
- Имплементација на кампањи за подигнување на јавната свест;
- Имплементација на едукативни медиумски проекти;
- Организирање и учество во хуманитарни акции;
- Реализирање на научно истражувачки проекти во соработка со високо образовни и научно истражувачки институции.
- Вршење на други работи во согласност со уставот и законите на Република Македонија.
Сакате да соработуваме?
Пишете ни, јавете се!
Искрено ќе се обидеме заеднички да направиме нешто добро!