Секоја организација има свој уникатен пат на развој. Со оглед на тоа што секоја организација е сочинета од членови кои се уникатни единки, таа има своја сопствена внатрешна динамика.
Во текот на работењето и индивидуите и организацијата како целина се развива и се соочува со одредени предизвици. Особено е интересно да се набљудува организацијата како еден целосен организам а секоја секој и индивидуа ако негов составен дел.
Јасно е дека за да организмот биде здрав и функционален, потребно е сите негови делови да функционираат целосно и во склад со сите останати органи и сегменти. Но тоа често не е случај. Во текот на работењето, поради доволна стручна оспособеност на членовите, недоволно јасната регулатива или неправилното водење од страна на раководилите во организациите настанува отежнато работење, конфликти или целосни застои.
Постојат многу сегменти кои се опфатени под организацискиот развој. Од првична дијагностика па се до спроведување на обуки на одредени теми или комбинација од теми кои ќе одговорат на реалните потреби и ќе направат целокупниот системи да функционира ефикасно и ефективно.