Преговарањето е аспект од кој зависи успехот на целиот бизнис. Прво, многу е важно при проговарање да успееме да склучиме договор со што ќе отвориме простор за работа на организацијата. Следно, не само што е важно да се дојде до договор, но идентично важно е каква ќе биде содржината на договор. Во процесот на преговарање ги договараме сите аспекти од кои ќе зависи профитабилноста на зделката, временската динамика на нејзина реализација, начинот на плаќање, начинот на достава, начин за осигурување на квалитет,гарантни рокови и уште многу други квантитативни или квалитативни аспекти. Способноста да се испреговара за поповолен договор е клучна за успешно работење и континуирано растење на организацијата.

1361&v=fit512

Денес е изразено тешко да се најдат луѓе кои имаат развиени силни преговарачки вештини. Способноста во исто време да се гради релација на доверба и да се преговара внимавајќи на своите интереси и цели е редок квалитет кај луѓето. Тие или премногу се фокусираат на релацијата или премногу се фокусирани да победат и да извлечат повеќе за себе, занемарувајќи го односот и не градејќи релација за долгорочна соработка.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

  • За организации каде преговарањето е присутно во работењето и каде се освестуваат слабости во реализацијата на преговарањето
  • За организации кои сакаат да ги усовршат своите преговарачки вештини
  • За раководители од различни нивоа кои се вклучени во преговарачки процеси.
  • За вработени кои во своето работење имаат преговарање со клиенти и деловно партнери.

 

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

Програмата на обуките за организациски развој се креира по претходна средба со менаџментот (ако има потреба и со вработените) на која ќе се направи утврдување на потребите. На средбата ќе се лоцираат конкретните проблеми и потешкотии и врз база на нив ќе се креира обука со содржини но и вежби прилагодени за надминување на реалните ситуации. Секоја обука е различна за секоја организацијата.

negotiation-skills-training

Комбинацијата на теми ќе биде направена од подолу набројаните содржини. Иако по потреба темите може да бидат дополнети, се со цел обуката да биде максимално релевантна и корисна за учесниците.

  • Што е преговарање?
  • Видови на преговори.
  • Фази на преговорите.
  • Важноста на комуникациските вештини при преговарањето.
  • Улогата на говорот на телото и микро експресиите при преговарањето.
  • Содржина на пред фазата во преговарањето.
  • Дефинирање на БАТНА-та.
  • Прва фаза на воспоставување на контакт и почеток на градење на доверба
  • Процес на создавање на доверба.
  • Фаза на декларирање на потребите.
  • Тактики за преговарање.
  • Развивање на контра тактика за секоја тактика.
  • Динамика на преговарање
  • Енергија на преговарање
  • Фаза на затворање на преговори
  • Фаза на подготовка на договор