Состаноците се облик на комуникација преку кои најчесто се координира или извршува поголем дел од дејноста. Доколку лицата кои ги подготвуваат и реализираат состаноците ги немаат потребните вештини за нивно успешно спроведување, тие наместо место за покоординирано и поуспешно работење ќе бидат само залудно потрошено време во долги и непотребни дискусии.
Состаноците се облици на комуникација каде обично се дискутира за нови идеи или се споделува фидбек за реализирани активности. Ако не постојат соодветни вештини за успешно фасилитирање на состаноците, често на нив може да се случи намерно или ненамерно повредување на личноста на некој до учесниците на состанокот, може да бидат и местото каде дискусијата во која има различни мислења ќе се претвори во отворен или потиснат конфликт.
Способноста за успешна подготовка и реализација на состаноци е една од клучните вештините за успешно работење на организациите. Од успехот на состаноците зависи ефикасноста во работењето, координираноста на активностите, обемот и квалитетот на новите идеи и предлози, брзото излекување на поуки и научени лекции и нивна имплементација во следните активности, мотивираноста на вработените и целокупниот успех на компанијата.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА:
За сите организации кои освестуваат потешкотии во реализирањето на состаноците
За сите организации кои сакаат да го осовршат начинот на реализирање на состаноците
За сите раководители до стратегиско, оперативно и основно ниво кои се во ситуација да организацираат и реализираат состаноци
За сите вработени кои се на позиција на која организацираат и реализираат состаноци (координатори на тимови, офис менаџери и сл.).
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:
Програмата на обуките за организациски развој се креира по претходна средба со менаџментот (ако има потреба и со вработените) на која ќе се направи утврдување на потребите. На средбата ќе се лоцираат конкретните проблеми и потешкотии и врз база на нив ќе се креира обука со содржини но и вежби прилагодени за надминување на реалните ситуации. Секоја обука е различна за секоја организацијата.
Комбинацијата на теми ќе биде направена од подолу набројаните содржини. Иако по потреба темите може да бидат дополнети, се со цел обуката да биде максимално релевантна и корисна за учесниците.
- Видови на состаноци
- Содржина на различните видови на состаноци
- Фаза на состанокот
- Клучни аспекти при подготовка на состанок
- Структура на состанок
- Важни аспекти при креирање на дневниот ред
- Клучни аспскти при отварање на состанок
- Фаза на реализација на состанок
- Клучни апспекти при реализација на состанок
- Фасилитација на дискусија
- Фасилитација на процес на донесување на групна одлука
- Справување со специфични ситуации и учесници на состанокот
- Фаза на затворање на состанокот
- Активности по завршување на состанокот
- Евалуација на успешност на состанокот – учење преку искуство