Функционирањето на организацијата е сложен процес. Тој опфаќа постојана размена на информации внатре во компанијата заради успешно работење. Свесноста за важноста на овој комуникациски „крвоток“ е една од важните компоненти за успехот на работењето на компанијата. Доколку линиите на комуникација не се јасно дефинирани, доколку информациите не се пренесуваат целосно и до лицата за кои тие се наменети, ќе се успорува работењето, процесите ќе бидат не ефикасни, ќе се создава внатрешно незадоволство поради неорганизираноста и организацијата нема да биде во кондиција да се носи со сите надворешни предизвици.
Лидерството и менаџментот во својата најсуштинска форма се состојат во постојана комуникација со вработените. Раководителите издаваат задачи, ги контролираат, ги корегираат и мотивираат вработените, тие примаат известувања на база на кои носат одлуки и кругот продолжува да тече од почеток. Сите овие комуникации мора да бидат брзи, прецизни, точни и во вистинско време. Од внатрешната комуникација зависи успехот на организацијата. Често ниту раководителите ниту вработените обрнуваат доволно внимание на овој аспект со што создаваат простор функционирањето на организацијата да биде далеку под капацитетите со кои располага организацијата.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
- За сите организации кои сметаат дека имаат потешкотии во успешната внатрешна комуникација.
- За сите организации кои сакаат да ја усовршат својата внатрешна комуникација
- За раководителите на стратегиско, оперативно и основно ниво на раководење
- За вработени кои се на позиција на која ја координираат внатрешната комуникација (координатори на тимови, офис менаџери и сл.)
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:
Програмата на обуките за организациски развој се креира по претходна средба со менаџментот (ако има потреба и со вработените) на која ќе се направи утврдување на потребите. На средбата ќе се лоцираат конкретните проблеми и потешкотии и врз база на нив ќе се креира обука со содржини но и вежби прилагодени за надминување на реалните ситуации. Секоја обука е различна за секоја организацијата.
Комбинацијата на теми ќе биде направена од подолу набројаните содржини. Иако по потреба темите може да бидат дополнети, се со цел обуката да биде максимално релевантна и корисна за учесниците.
- Што комуникација?
- Цели на комуникацијата.
- Фази на комуникацијата.
- Видови на комуникацијата.
- Вербална комуникација.
- Не вербална комуникација.
- Пара вербална комуникација.
- Кинетика во комуникацијата.
- Насоки за правилно читање на говор на тело.
- Улогата на фацијалните микро експресии.
- Важноста на слушањето во комуникацијата.
- Пречки во комуникацијата.
- Техники за активното слушање.
- Асертивна комуникација.
- Близина со вработените.
- Правилно издавање на задачи.
- Водење на корективен разговор со вработени.
- Градење на авторитет преку комуникација.
- Како да осигураме дека пораката е пренесена и комуникацијата е успешна.
- Улогата на слушањето и емпатијата во комуникацијата.