11111

Успехот на една организација во најголема мера зависи од квалитетот на лидерството и менаџментот на сите ниво во неа. Способност да се водат луѓето и процесите е гаранција дека било кои предизвици и ситуации низ кои ќе помине организацијата ќе бидат надминати на најмудриот и најефикасниот начин. Вложувањето во развојот на клучниот раководен кадар е вложување во сегашноста но и во иднината на компанијата.

Иако често преку правдање дека вработените не се на потребното ниво се бараат причините за нецелосниот успех, мора јасно да се напомене дека светлите примери на организации во кои има изразено лидерство и менаџмент покажува дека проблемот лежи на друго место. Со идеални вработени и најслабиот лидер ќе постигне резултати. Уметноста е со не идеални вработени (како што е секогаш во реалноста) да ги постигнеш максималните резултати, без оправдувања и наоѓање изговори.

Leadership-Development-sm

Вистинскиот лидер и менаџер и не идеалните вработени ќе ги поттикне на развој за да и тие почнат да се менуваат и го извлечат максимумот од себе а со тоа се постигнат максималните резултати. Да се биде успешен лидер и менаџер е навистина тешко. Не случајно таквите луѓе се најголема реткост, но затоа мора да се работи на нивно развивање. Некои лидери се раѓаат како лидери, а некои со потенцијал да бидат лидери. И на едните и на другите понекогаш им треба доедукација за да ги освестат своите силни страни и поинтензивно да почнат да ги користат, а во исто време да ги освестат своите слаби страни и да вложат напор да ги променат и да го реализираат максималниот потенцијал со кој располагаат.

 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА:

  • За сите кои се наоѓаат на раководна позиција, без разлика на тоа дали се на основно, оперативно или стратегиско ниво.
  • За сите кои се подготвени да учат, да се менуваат и да работат да развојот на своите манаџерски и лидерски потенцијали.

DevLeaders_p

 

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

Програмата на обуките за организациски развој се креира по претходна средба со менаџментот (ако има потреба и со вработените) на која ќе се направи утврдување на потребите. На средбата ќе се лоцираат конкретните проблеми и потешкотии и врз база на нив ќе се креира обука со содржини но и вежби прилагодени за надминување на реалните ситуации. Секоја обука е различна за секоја организацијата.

Комбинацијата на теми ќе биде направена од подолу набројаните содржини. Иако по потреба темите може да бидат дополнети, се со цел обуката да биде максимално релевантна и корисна за учесниците.

  • Што е лидерство?
  • Што е менаџмент?
  • Видови на моќ и нивна примена
  • Менаџмент VS Лидерство
  • Структура, правила, процедурии… содржини на менаџментот
  • Визија, градење на доверба, инспирирање….содржини на лидерството
  • Природата на лидерството
  • Психологијата на лидерството
  • Процес на воспоставување на лидерски однос
  • Важноста на довербата во лидерството и процес за нејзино стегнување
  • Улогата на визија во лидеството
  • Личните вредности во лидерствот
  • Интегритетот  во лидерството
  • Лидерство ниво 5
  • Трансформациско лидерство
  • Четирите лидерски компетенции и начин за нивно равивање