Организација во која нема конфликти е или организација во која менаџерот има премногу авторитативен стил на раководење или луѓето не се заинтересирани за својата работа. Конфликтите може да се случат или поради неправилна комуникација т.е. недоразбирање или поради различни мислења и погледи кон работите. Конфликтите кои се базирани на недоразбирање се решаваат во подобрување на комуникациските вештини додека за конфликтите кои се базирани на различно мислење се потребни соодветни вештини да се трансформираат во конструктивни решенија кои ќе и донесат прогрес и на организацијата и на вработените.

111111111111

Конфликтите во себе носат голем потенцијал, нови идеи и дека тие треба да се добродејдени. Науката потврдува дека во организациите е добро конфликтите да бидат присутни во едно оптимално ниво. Само доколку вработените имаат слобода јасно и гласно да го изразат своето мислење и да кажат што мислам дека треба да биде направено поинаку ќе се дојде до најдоброто решение и резултати. Но во исто време треба да се знае дека конфликтите во себе имаат голем деструктивен потенцијал. Ако не бидат соодветно менаџирани, тие можат да ја нарушат работната атмосфера, да ги влошат меѓучовечките односи, да ја влошат комуникацијата и да влијаат на мотивацијата на вработените. Способноста за навремено препознавање и соодветно трансформирање на конфликите од раководитетлите и вработените е клучна карактеристика за успехот на организациите.

 ItOWIxNC0

ЗА КОГА Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

  • За организации во кои постојат отворени или потиснати конфликти.
  • За организации кои сакаат да ги усовршат своите пристапи за менаџирање на конфликти.
  • За организации кои во својата дејност имаат постојана размена на идеи, дискусии и избор на најдобри решенија, што создава потенцијал за многу конфликти.
  • За раководители на сите нивоа на водење на организациите.
  • За вработени кои се вклучени во процеси за избор на најдобри решенија.

 

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА: Програмата на обуките за организациски развој се креира по претходна средба со менаџментот (ако има потреба и со вработените) на која ќе се направи утврдување на потребите. На средбата ќе се лоцираат конкретните проблеми и потешкотии и врз база на нив ќе се креира обука со содржини но и вежби прилагодени за надминување на реалните ситуации. Секоја обука е различна за секоја организацијата. Комбинацијата на теми ќе биде направена од подолу набројаните содржини. Иако по потреба темите може да бидат дополнети, се со цел обуката да биде максимално релевантна и корисна за учесниците.

  • Што е конфликт?
  • Видови на конфликт
  • Важноста од оптимално присуство на конфликти во организацијата
  • Динамика на развој на конфликтот
  • Традиционален и современ пристап кон конфликтите
  • Алатките ДРАМА триаголникот и конфликт пазл како перспективи за разбирањето на конфликтите
  • Конфликтот како опасност или како можност за напредок
  • Улогата на емоциите во конфликтите
  • Само свеста како клучен аспект за разрешување на конфликтите
  • Важноста на емоционалната интелигенција при менаџирањето на конфликтите
  • Одредување на личен конфликтен стил
  • Примената на асертивната комуникација при трансформацијата на конфликтите
  • Улогата на емпатијата при трансформацијата  на конфликтите
  • Формулата на ЈАС говор при трансформирањето на конфликтите
  • Пристап за трансформација на конфликтот во 7 чекори