Работењето во тим е карактеристично за најголемиот број на современи организации. Но формирањето на тим кој ќе функционира не се случува преку ноќ. Вие можете да соберете една група на вработени и да ги наречете тим. Но, додека тие станат функционален тим ќе треба да помине време и групата да помине низ процес на ускладување и развој. Трансформацијата на групата во тим бара една сложена група на вештини кои раководителот треба да ја поседува. Тој воедно мора да биде свесен дека тимот е една мала микро заедница во која се случува сложена интеракција помеѓу членовите. Секој од нив е посебен и различен, со свои силни и слаби страни. Менаџирањето на тимот значи способност за комбинирање на различните луѓе, искористување на нивните силни страни и креирање на тим кој ќе функционира ускладено и ќе дава фантастични резултати.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
- За организации кои освестуваат потешкотии во тимската работа
- За организации кои сакаат да ги усовршат својата тимска работа
- За раководители на стратегиско, оперативно и основно ниво кои освестуваат дека имаат потешкотии во менаџирање на тимови.
- За раководители од сите нивоа кои сакаат да ги усовршат своите вештини за менаџирање на тимови.
- За вработени кои се на позиции на кои менаџираат тимови
СОДРЖИНА НА РАБОТАТА:
Програмата на обуките за организациски развој се креира по претходна средба со менаџментот (ако има потреба и со вработените) на која ќе се направи утврдување на потребите. На средбата ќе се лоцираат конкретните проблеми и потешкотии и врз база на нив ќе се креира обука со содржини но и вежби прилагодени за надминување на реалните ситуации. Секоја обука е различна за секоја организацијата.
Комбинацијата на теми ќе биде направена од подолу набројаните содржини. Иако по потреба темите може да бидат дополнети, се со цел обуката да биде максимално релевантна и корисна за учесниците.
- Што е група а што тим?
- Фази на развој на групата во тим.
- Карактеристики на секоја од фазите на развој на тимот.
- Тимски улоги
- Комуникациска динамика во тим
- Конформизам во тим
- Друштвено поттикнување и социјална мрзливост
- Тимски правила и норми
- Видови на моќ и нивната манифестација во тимот
- Процес на градење на доверба
- Конфликти во тим
- Лидерство во тим