Продажбата е крајната фаза на ефектуирање на сите активности. Целата логистика, администрација и организација е фокусирана кон продажба на произведениот или увезениот продукт или понудената услуга. Без разлика на квалитетот на сите претходни активности ако продажните вештини не се на потребно ниво нема да се случи заокружување на процесот и под закана е целокупната рентабилност на бизнисот.
Продажните вештини се сложен облик на комуникација. Во нив се вградени сите аспекти од комуникациските вештини плус убедувањето како посебен облик на комуникација. Денеска е тешко да се најде квалитетен продавач кој на брз, непосреден и ненаметлив начин ќе ги продаде нашите производи и услуги на клиентите и ќе остави простор за следната зделка, започнувајќи и одржувајќи реалација базирана на лојалност. Некој велат дека продажните вештини се талент, но наше убедување е дека тие се способности кои луѓето треба да ги поттикнат и развијат во себе. Со квалитетна обука и стручен надзор и поддршка голем дел од луѓето можат да бидат натпросечни продавачи.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
- За организации кои освестуваат дека имаат потешкотии во реализацијата на продажбата.
- За организации кои сакаат да ги усовршат продажните техники
- За раководители кои се директно вклучени во продажба и сакаат да ги подобрат и усовршат своите продажни вештини
- За вработени кои се на позиции на кои се директно вклучени во продажба.
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:
Програмата на обуките за организациски развој се креира по претходна средба со менаџментот (ако има потреба и со вработените) на која ќе се направи утврдување на потребите. На средбата ќе се лоцираат конкретните проблеми и потешкотии и врз база на нив ќе се креира обука со содржини но и вежби прилагодени за надминување на реалните ситуации. Секоја обука е различна за секоја организацијата.
Комбинацијата на теми ќе биде направена од подолу набројаните содржини. Иако по потреба темите може да бидат дополнети, се со цел обуката да биде максимално релевантна и корисна за учесниците.
- Што е продажба?
- Демистификација на продажбата.
- Цели на продажбата.
- Видови на продажба.
- Психологија на продажбата.
- Фази на продажбата.
- Важноста на комуникацистките вештини во продажбата.
- Улогата на готоворот на телото при продажбата.
- Фаза на воспоставување на првичен контакт.
- Фаза на разбирање на потребата на клиентот.
- Важноста на слушачките вештините и активното слушање при продажбата.
- Фаза на нудење на продукти.
- Фаза на убедување и извор на продукт.
- Насоки за успешно убедување
- Фаза на затворање на продажбата.
- Насоки за справување со специфични ситуации во продажбата.
- Насоки за справување со специфични клиенти во продажбата.
- Насоки за градење на лојалност кон и од клиентите.