Креирањето на систем за оценување и мотивирање е еден од важните механизми за развој на организацијата. Многу често организациите се базирани на постојано бркање на рокови, интензивно работење и влегување од еден проект во друг. Недостатоците и грешките се коригираат во тек на работење. Таквиот пристап прави вработените да немаат јасна претстава кои се нивните силни и слаби страни , каде грешат и каде треба да се поправат. Многу пати и менаџерите имаат сознанија за тоа што не им се допаѓа од начинот на пристап и работење на своите вработени но немаат канал како тоа да го изразат. Таквата состојба создава недореченост и незадоволство на двете страни. Тоа директно се одразува на начинот на работење и на ефикасноста на организацијата.
Креирањето на ефикасен систем за оценување и поддршка на развој на вработените е еден многу важен процес кој мора да се „инсталира“ и практикува во организацијата. Преку него ќе им се помогне на вработените да сфатат во што се добри и каде треба да се поправат. Воедно менаџерите ќе станат свесни за механизмите за развој и ќе се започне процесот за развој на нивните вештини за поддршка на развојот на нивните вработени. Само организација во која вработените растат и се развиваат ќе расте, ќе се развива и ќе биде успешна!
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:
- За организации кои освестуваат дека имаат потешкотии да ги иницираат своите вработени кон развој и себе менување
- За организации кои сакаат да развијат и имплементираат ефикасен систем за оценување и развој на своите вработени
- За раководители од стратегиско, оперативно или основно ниво кои сакаат да научат како објективно да ги оценат своите вработени и како да им помогнат најефективно во нивниот развој.
- За раководители од сите нивоа кои сакаат да ги усовршат своите вештини за оценување и поддршка на развојот на своите вработени.
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:
- Цел на системот за оценување
- Дефинирање на општи компетенции за оценување
- Дефинирање на специфичните компетенции за оценување за секое работно место
- Процес на одредување на оценка
- Мерки за избегнување на субјективноста во оценувањето
- Процес на подготовка за соопштување на оценките
- Насоки за успешно соопштување на оценките
- Дефинирање на план за развој
- Насоки за успешно давање на конструктивен фидбек
- Пречки при давање и фидбек и постапки како да се надминат
- Основи на коучингот
- Што е личен развој?
- Цели на личниот развој.
- Фази на личниот развој.
- Самосвесноста како клучен елемент за личен развој.
- Алатки и техники за зголемување на самосвесноста.
- Емоционалната интелигенција како дел од процесот на личен развој.
- Социјалното учење како основа за себе развој.
- Процес на себе освестување преку теоријата на Џо-Хари прозорецот.
- Пречки во примена на сознанијата од теоријата на Џо-Хари прозорецот и насоки за нивно надминување.
- Личниот развој низ концептот на искуствено учење.
- Пречки во практикување на искуственото учење и насоки за нивно надминување.
- Важноста на самодисциплината и самоконтролата.