„Можеби не можеме да ја предвидиме иднината но затоа можеме да ја креираме“

Успехот на организацијата зависи од квалитетот на нејзиното работењето во сегашноста но и од нејзината стратегија за работење и развој во иднината. Организациите кои опиени од денешниот успех не размислуваат за утре со голема веројатност ќе се соочат со предизвици и потешкотии. Тешко е да се предвиди иднината но зошто да се обидуваме да ја предвидуваме кога може да заземеме активен однос и да ја креираме.

mvd-istock-29990298-strategy1

Постојат многу организации кои работат денес за денес. Кои немаат план за тоа каде се движат на долг рок, кои им се стратешките цели, како планираат да се развиваат, кои се можните потешкотии во бизнисот во кој дејствуваат и како може со соодветни активности да ги надминат. Таквите организации со тек на време имаат проблеми со рентабилното функционирање и вообичаено пропаѓаат, оправдувајќи се на околностите и случувањата, без да бидат самокритични и да воочат дека нивниот пасивен однос кон креирање на соодветна стратегија е една од главните причини за нивното пропаѓање.

PersonalSuccess1

Стратегиското планирање е обука во која менаџерите и лидерите ќе имаат можност да направат анализа на секогашната состојба на компанијата и дејноста која ја работат, ќе се обидат да ги согледаат сите трендови и тенденции кои ќе дојдат во иднината и согласно на тоа да креираат практична, применлива и реална стратегија за развој на организацијата на долг рок. Таквиот пристап ќе овозможи да се биде подготвен за иднината наместо да се биде нејзина жртва.

 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

  • За млади организации кои немаат своја стратегија
  • За организации кои имаат стратегија но истата не е изработена по соодветна методологијата и не се сигурни дека ги опфаќа сите елемнети
  • За лидери и менаџери кои се на стратегиско ниво на раководење и сакаат да се оспособаат за успешно креирање на стратегија на компанијата
  • За лидери и менаџери кои се на оперативно ниво на раководење а се подготвуваат за напредок во кариерата

Arrows_moving_over_wall_small1

 

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

Програмата на обуките за организациски развој се креира по претходна средба со менаџментот (ако има потреба и со вработените) на која ќе се направи утврдување на потребите. На средбата ќе се лоцираат конкретните проблеми и потешкотии и врз база на нив ќе се креира обука со содржини но и вежби прилагодени за надминување на реалните ситуации. Секоја обука е различна за секоја организацијата.

Комбинацијата на теми ќе биде направена од подолу набројаните содржини. Иако по потреба темите може да бидат дополнети, се со цел обуката да биде максимално релевантна и корисна за учесниците.

  • Што е стратегија?
  • Три нивоа на раководење на компанијата.
  • Дијагностика на компанијата.
  • Анализа на секторот на дејствување.
  • SWOT анализа.
  • Креирање/ревидирање на визијата и мисијата на организацијата.
  • Криерање на конкурентска предност на организацијата.
  • Креирање на листа на вредности на организацијата.
  • Креирање на стратешки цели.
  • Креирање на офанзивна стратегија.
  • Креирање на дефанзивна стратегија.
  • Креирање на оперативни планови.
  • Креирање на динамика за контрола и следење на реализацијата на стратегијата и нејзино ревидирање ако има потреба.