Секоја организација има свои специфики: своја дејност на работење, свој уникатен состав на вработени, свој уникатен состав на менаџери кои раководат со компанијата, свој уникатен состав на клиенти и сл. Токму затоа сите обуки кои се реализираа за вработените на компанијата мора да бидат креирани специјално за нивните специфични потреби. Изборот на темите, методите на работа, примерите и вежбите мора преку tailor-made (скроено по мерка) пристап да бидат дизајнирани за конкретната организација и вработени. Со таквиот пристап ќе се постигне максимален ефект во постигнување на посакуваната промена.
Врз база на претходна целосна органициска дијагностика или дијагностицирање само на потребите ќе се креира уникатна програма на обуки со уникатна содржина на истите која најдиректно ќе одговори на реални потреби на организацијата. Ваквиот пристап ќе направи во најкраток временски период со најмалку напор да се постигнат најдобри резултати.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА АКТИВНОСТ:
- За сите организации чии менаџери лоцираат одредени слабости во функционирањето и сакаат да организираат обуки за подобрување на вештините и способностите на вработените.
- За сите организации кои сакаат да станат високо ефикасни, одлично организирани и надпросечно успешни во своето работење
СОДЖИНА НА ОВАА АКТИВНОСТ:
Фаза 1 – ДИЈАГНОСТИЦИРАЊЕ НА ПОТРЕБИ
(примена на инструменти за дијагностицирање на потреби и индивидуални разговори со вработените)
Фаза 2 – ДЕФИНИРАЊЕ НА ТЕМИ И ЦЕЛИ
(на база на потребите се дефинира посакуваната промена и се формулираат конкретни и мерливи цели)
Фаза 3 – РАЗВОЈ НА ОБУКИ И НИВНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
(се креираат уникатни програми кои се комбинација на кратки насоки и вежби за извежбување со цел да се постигнат конкретни цели)
Фаза 4 – МЕРЕЊЕ НА УСПЕХОТ
(преку анкетни прашалници, опсервација и индивидуални разговори со вработените се мери дали и до кое ниво се постигнати претходно поставените цели)
После завршувањето на обуката, се остава време (околу 10 дена) за имплементација на знаењата, содржините и техниките. Потоа се реализира еднодневна сесија за рефлексија на промените и консултации и дополнителни насоки за поуспешна имплементација на содржините. Овие средби можат да се повторат повеќе пати со што на учесниците им овозможува континуирана стручна поддршка во нивниот развој.