Нивото на мотивираност е еден од најважните фактори за личен успех. Тоа одредува со колкав ентузијазам ќе му пријдеме на животот и предизвиците кои тој ни ги носи.
Голем број на луѓе живеат со ниско ниво на мотивираност, чекаат да помине времето, немаат внатрешен порив да креираат, да дејствуваат, да менуваат. Во таа состојба секогаш си наоѓаат „дежурен“ виновник. Но, времето е немилосрдно. Додека ние седиме и се жалиме, тоа поминува.
Додека ние се жалиме, мотивираните се активни, учат, се развиваат, ги менуваат работите… живеат!
Секој човек мора да научи како функционира системот за мотивација и мора да стане способен да ги примени сознанијата на себе и да се самомотивира. Секој човек мора да научи како да го поттикне внатрешниот вулкан во кој има непроценливо високо ниво на сила и енергија со која ќе живееме активен, среќен и исполнет живот.
ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:
- Сите кои освестуваат дека имаат ниско ниво на мотивација, на работа или дома
- Сите кои сакаат да научат како навистина функционира системот на мотивирање кај луѓето и да станат способни да ги мотивираат луѓето околу себе (семејство, пријатели, вработени, колеги, познаници)
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- Што е мотивација?
- Мотивацијата преку призмата на човековите потреби
- Што се тоа мотиватори
- Идентификување на личните мотиватори
- Улогата на личниот вредносен систем во самомотивираноста
- Идентификување на личниот вредносен систем
- Материјални и нематеријални фактори на мотивација
- Наградата како мотиватор
- Казната како мотиватор
- Целта како мотиватор
- Смислата и значењето како мотиватор
- Односот и комуникацијата како мотиватор
- Припадноста како мотиватор
- Автономијата и слободата како мотиватор
- Можноста за продонес како мотиватор
- Можноста за учење и развој како мотиватор
- Споредувањето како фактор во мотивацијата
- Осетливоста на мотивацискиот процес на надворешни влијанија
ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС НА ЛИЧНО НИВО
- Ќе ги завршувате секојдневните активности со поголема леснотија и ефикасност
- Ќе можете да направите добар баланс меѓу личните и професионалните обврски
- Полесно ќе се соочувате со секојдневните предизвици
- Ќе бидете посреќни и позадоволни со себе
- Ќе бидете поттик и за луѓето околу вас – ќе знаете како да ги мотивирате и другите
ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС НА ПРОФЕСИОНАЛНО НИВО
- Ќе станете свесни за вашите лични мотиватори и како ефикасно да ги користите
- Ќе научите како максимално да ги користите потенцијалите и да постигнувате поголеми резултати
- Ќе бидете поефикасни и поефективни, нема да ги одложувате вашите обврски
- Ќе го зголемите квалитетот на вашата реализација и ќе добивате позитивни критики од вашите клиенти, соработници, колеги
- Ќе знаете како да ги мотивирате вашите колеги и соработници и полесно да ги решавате заедничките предизвици
- Ќе влијаете на подобрување на работната атмосфера