СОЛОПРОМ
ПРЕДМЕТ: Препорака за Г-дин Лазар Ѓуров
за одржаната обука на тема “Стрес Менаџмент”
Обуката “Стрес Менаџмент” одржана од г-дин Лазар Ѓуров, претставуваше функционална целина и како презентирана содржина за време на обуката,но и како сознанија кои се практично применливи веднаш после обуката.
Она што посебно ме би го истакнал е тоа дека според начинот на презентирање, како и според точното разбирање на поставените прашања и давањето на конкретни одговори, можеше јасно да се заклучи дека Лазар одлично го владее и лично успешно го применува Стрес менаџментот кој што беше предмет на обуката. Затоа тој може компетентно да дискутира со учесниците, врз база на сопственото искуство и да ги води до директно осознавање на одговорите.
Заслужува пофалба и фактот дека за целото времетраење на обуката, Лазар успеа да го задржи вниманието и контролата на нашата поприлично динамична група која веќе 3 години е заедно на обуки во програмите на Центарот за развој на претприемачи и менаџери – ЦЕЕД и направи успешно усогласување на содржините со целокупниот тајминг на обуката.
Целокупниот настан, овозможи стекнување на поголема свест и конкретни вештини за препознавање и конкретно менаџирање со стресот како секојдневна состојба на менаџерите и претприемачите. Тоа претставуваше директен бенефит за нас кои непосредно учествувавме во оваа одлична обука.
ОСНОВАЧ И ДИРЕКТОР
на Солопром–Скопје
Робин Зимбаков
Душко Поповиќ бб нас. Бутел • 1000 Скопје • Република Македонија
т. (02) 2614 030 • ф. (02) 2628 870 • e-mail: contact@soloprom.com.mk
www.soloprom.com.mk
МЕДИКУС ХЕЛП
09.09.2014
Скопје
Почитувани,
Би сакала да ја искористам оваа можност за позитивна оценка на д-р Лазар Ѓуров и Институтот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА.
Медикус Хелп, на мое големо задоволство, неодамна оствари успешна соработка со д-р Ѓуров. Како резултат од оваа соработка произлегоа неколку успешни производи
Новата организациска структура на мојата компанија која Лазар ја изработи после деталната анализа на сите сегметни на нашето работење и ресурсите со кои располагаме, значително ги подобри процесите и ги зголеми резултатите.
Демострирајки знаење и умешност во секој аспект од бизнис операциите, д-р Ѓуров придонесе до изработка на унифициран Правилник за управување со што менаџментот на Медикус Хелп доби алатка за планирано, конструктивно и структурирано раководење.
Доколку вашата компанија има потреба од надворешен консултант кој ќе ефектира промени со позитивен импакт на вашето работење, јас верувам дека СИМБИОТИКА и д-р Лазар Ѓуров се организацијата и човекот кој што може да помогне. За подетални информации околу моето искуство од соработката со него и неговите квалификации, слободно контактирајте ме на телефон 070346464 или електронска пошта r.handziska@medicushelp.com.mk
Управител
Радмила Ханџиска
Medicus Help
Bel Kamen br. 7, 1000 Skopje, Macedonia
Phone: +389 2 3130 015 Fax: +389 2 3220 745
Email: r.handziska@medicushelp.com.mk
Web: www.medicushelp.com.mk
ЗДРАВЈЕ РАДОВО и BACKSTAGE
Во мојата речиси 20 годишна професионална кариера сум посетувал многу обуки,
семинари и други едукативни настани, како во Македонија така и во регионот.
Преку програмата на CEED се запознав со многу предавачи и обуки.
На една од тие обуки го запознав и д-р Лазар Ѓуров, кој кај мене и мојата група предизвика
искрена заинтересираност и внимание. Затоа предложивме во нова следна програма од шест
модули предавач да биде г-динот Ѓуров од Институтот за индивидуален и организациски
развој СИМБИОТИКА.
Неговите предавања се многу интерактивни, комплетно подготвени и со задоволство
присуствувам на истите.
Неговата елоквентност и непосредност прават вистински настани од секоја обука.
Потполно искрено ги препорачувам овие предавања на сите оние кои сакаат да стекнат нови
вештини кои многукратно може да се применат во работата, но што е уште поважно и во животот.
Петар Наумовски
Маркетинг директор во МЛЕКАРА ЗДРАВЈЕ РАДОВО
Косопственик на ПРОДУКЦИЈА СЦЕНА која стои зад естрадниот магазин BACKSTAGE
АКЦЕНТ
Предмет: Впечатоци и препорака по реализиран тимбилдинг од СИМБИОТИКА.
Почитувани,
Со огромно задоволство ги споделувам моите прекрасни впечатоци од реализираниот тимбилдинг во нашата компанија од страна на СИМБИОТИКА.
Активноста се реализираше за време на викенд во хотел Манастир во Берово.
Конкретно во тој период, компанијата фунционираше на неколку засебни просторни локации согласно организациската поставеност и препознавме потреба дека е потребно организирање на тимбилдинг кој ќе го зајакне тимскиот дух, ќе ги спои различните организациски делови, ќе направи организациска кофезија на вработените. Сакавме сите силно да ја почувствуваат припадноста на истата компанија и да станат појак и поускладен тим.
Јас верував дека Лазар ќе спроведе одличен тимбилдинг но тоа што го добив ги надмина сите мои најоптимистички очекувања.
Без тешкии теории и power point презентации, со одлични конкретни и навистина интересни и креативни тимски предизвици, со точно дозиран натпреварувачки дух на тимовите (кои беа од мешан состав од секоја организациски делови) СИМБИОТИКА успеа да ја подигне енеријата на вработените, да направи тие да се забавуваат, да се натпреваруваат, да се вложат целосно, но во исто време да се запознаат меѓусебно, да учат за сложените аспекти на тимската работа, да ја ускладат комуникацијата и да станат подобар тим.
Програмата и сите активности беа точно и прецизно дозирани и максимално професионално реализирани, со одлична логистичка подршка и сите потребни реквизити, за што во еден момент имате чувство дека тоа не се случува во Македонија туку дека сте ангажирале некоја светски позната, докажана и реномирана компанија за реализација на ваков тип на активности.
Ефетките од реализираните активности веднаш после враќањето во работењето донесоа одлична нова енергија и можам со 100% сигурност да потврдам дека се што поставивме како цел беше постигнато а и повеќе кратно надминато.
Задоволство и богаство е да се знае дека во Македонија постојат такви професионалци кои можат за само еден викенд да ја обликуваат и подигнат енергијата во компанијата и да го зајакнат тимскиот дух. Бидејќи, сите искусни менаџери знаат дека високото ниво на енергија и мотивираност на вработените, силната сплотеност и одличната тимска работа се гаранција за успехот на секој бизнис.
Од срце го препорачувам тимбилдингот и сите други обуки на СИМБИОТИКА на сите кои сакаат корисно потрошено време кое ќе ги даде точно дефинираните резултати, колку и тие да изгледаат неверојатни за толку краток временски период.
Верувајте дека ангажманот на СИМБИОТИКА ќе биде една од најисплатливите инвестиции за вашата копманија.
Милан Петровски
Директор на АКЦЕНТ ДООЕЛ
milanp@accent.mk
МОНОЛИТ
Почитуваниот Лазар Ѓуров го запознав во месец мај 2010 година кога во рамките на Top Class Advanced програмата на Центарот за Развој на Претприемачи и Менаџери (CEED) го реализираше петтиот модул на тема ,,Стрес Менаџмент.
Во својата обука демонстрираше дека одлично ја владее материјата, дека има широко познавање и умее да ги мотивира сите учесници. Низ интерактивност со слушателите успеа да го пренесе неговото знаење за тоа како секој од нас да се справи со секојдневните надворешни и внатрешни предизвици. Неговата посветеност и отвореност зедно со неговото применето познавање на психологијата го прави одличен едукатор.
Во ова време на континуирани промени и притисоци сметам дека секој има потреба од обуките и работилниците на г-дин Ѓуров. Во текот на модулот покрај во стекнувањето на знаења и вештини за справување со стресот тој ни помогна да ја подобриме комуникацијата со нашите соработници, нѐ освести за тоа дека можеме да ја трансформираме и насочиме негативната енергија во позитивна а како можеме да се заштиме себе си. Лично, после обуката ја освестив полесната комуникација со
околината и свесноста и препознавањето на убавите работи и моменти.
Најискрено го препорачувам г-дин Лазар Ѓуров и обуките од Институтот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА на секој менаџер кој сака да биде успешен и да ужива во пријатна работна средина во својата компанија.
Горан Филиповски
Директор
Монолит
goran@monolit.com.mk
Моб: 070227268
Јуни, 2010
Скопје, Р. Македонија
СОС Детско село Македонија
ПРЕПОРАКА
за Инсититут за индивидуален и организациски развој „СИМБИОТИКА“
СОС Детско Село Македонија е организацијата во која работи високо квалификуван кадар од областа на психологијата, социологијата и социјалната работа. Тоа се луѓе кои покрај основното високо образование во наведените области, имаат завршено голем број на дополнителни обуки, усовршувања и семинари од обучувачи од земјава и странство.
Вработените во СОС Детско Село Македонија имаат навистина висок критериум за проценка на квалитет на обука, тимбилдинг или други активности кои се насочени кон развој. Токму затоа, можам со целосна одговорност да кажам дека средната оценка од 4,68 (од максимум 5) која тие ја дадоа во евалуацијата за Тимбилдингот кој на 09 и 10.12.2012 година се реализираше во Хотел Алпина во Маврово, е јасен и не двосмислен показател дека тоа беше одлично организиран и реализиран тимбилдинг.
Кога нашите вработени, кој вообичеано се навистина критични и со исострен вкус за квалитет на ваков вид на активности дадоа толку висока оценка, со потполна сигурност ја дадам оваа препорака до сите други организации да ги користат услугите на Институтот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА.
Организирано, темелно, структурирано, храбро, фокусирано, сопфатно и интерактивно беше водството на тимбилдингот од д-р Лазар Ѓуров. Неговата стручност во проценката на моменталните организациски процеси овозможи тој да го најде вистинскиот пристап за да нашето функционирање како организација после тимбилдиногот помине на повисоко ниво.
Добриот баланс помеѓу креирањето на забавно и пријатно чувство од интерактивните вежби и одличните рефлекции и извлечените поенти и научени лекции од сите активности, направи СОС Детско Село Македонија, после тимбилдингот во Маврово да влезе во новите секојдневни предизвици со нова енергија и ентузијазам, со подобро вклопен тим и поускладена комуникција, со подобро чувство за себе и целата органзиациајта во целост.
Благодарност за целата посветеност на тимот на СИМБИОТИКА. Уште еднаш од срце им ги препорачуваме на сите организации и компании кои се отворени за примена на современи пристапи за организациски развој.
Со почит,
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР
на СОС Детско село Македонија
Јулијана Накова Гапо
SOS Children’s Villages Macedonia
Ul. Dimitrije Tucovic 25
1000 Skopje, Macedonia
Tel.: +389 (0)2 32 90 556
Fax: +389 (0)2 32 90 556
e-mail: Julijana.gapo@sos.org.
СИНАПС
Во текот на мојата досегашна кариера како претприемач, сопстевник на свој бизнис, имам посетувано многу обуки, семинари, работилници, имам слушано голем број на предавачи, професори и тренери.
Можам слободно да кажам дека Лазар е на самиот врв на мојата листа на предавачи од областа на менаџментот и лидерството, но и воопшто.
Лазар на многу ефикасен начин успеа да ги направи интересни темите кои барем неколку пати ги имам слушано. Сметам дека успехот на неговите предавања се должи на тоа што тој успева да најде одличен баланс помеѓу теоријата и праксата.
Мошне податлив, детален и научно поткован, фокусиран и на групата и на секој слушател на предавањата соодветно, д-р Ѓуров е инспирација и мотивација за секој претприемач и менаџер кој е подготвен да учи, да се менува и да напредува во животот и кариерата.
Извршен директор
Филип Арсов
Synapse Group
Roza Luksemburg 15/3
1000 Skopje,
Macedonia
mob: +389 70 833 153
tel: +389 2 3113 963
skype: filiparsov
e-mail: filip.arsov@synapse.com.mk
СИМПЕКС
Почитувани,
Чест ми е да напишам препорака за проф. Лазар Ѓуров како и за Институтот СИМБИОТИКА.
Претходната година ги посетив нивните обуки во ЦЕЕД на следните теми:
-Претприемачко лидерство
-Комуникациски вештини
-Комуникација во конфликтни ситуации
Бев воодушевена од начинот на предавање и пренесување на знаењата. Лазар е исклучителен предавач кој на многу префинет начин ќе ја обработи темата и истата длабоко ја врежува во меморијата. Она што најмногу ми се допадна е применливоста на овие обуки, не само во бизнисот, туку и во животот. Овие обуки покрај тоа што професионално ве воздигаат, ќе ве направат поквалитетен човек кој полесно се справува со проблемите и го контролира и разубавува својот живот.
Веќе побарав од тимот на СИМБИОТИКА дел од обуките да се спроведат и во мојата компанија затоа што сметам дека ќе им се од голема корист на целиот тим, ќе се подобри комуникацијата, професионалноста, организираноста а нормално со тоа и ќе направиме развој на компанијата и ќе ја зголемите нејзината ефикасност.
Во моментот во РМ имате стотици обуки организирани од исто толку компании, квалитетот на истите нема да го коментирам, ама на секој кој бара квалитетна обука за себе и за својот тим најтопло би ги препорачала СИМБИОТИКА. Ако сакате сопствен развој, пробајте барем една од обуките. Сигурна сум, нема да останите само на една.
Христина Фуна
Ко-сопственик и
Финансиски менаџер на СИНПЕКС-Битола
hristina@sinpeks.com.mk
МОЖНОСТИ (експозитура Кавадарци)
Препорака за Институт за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА
Учествував на обуки на две теми од Институтот Симбиотика реализирани од д-р доцент Лазар Ѓуров како обучувач.
Теми кои се многу актуелни во ова време: Комуникација во конфликти и Стрес менаџмент.
Оригиналниот начин на активното предавање, решавањето на конкретни примери од секојдневието, со јасен и директен пристап целосно ми го задржа вниманието, како никогаш до тогаш.
Д-р Лазар Ѓуров со својата позитивна енергија остава силен впечаток на присутните, своето искуство и знаење несебично го подели со учесниците. Најголема разлика во однос на други обучувачи е што целосно беше присутен на секаков начин во цело време на обуката, што вроди со одличен feedback и взаемно внимание.
Моите вештини на комуникација се унапредија како во професионалниот така и во приватниот живот.
Дознав повеќе за стресот но пред се, сé стекнав со практични начини како да управувам со него. Сега на полесен начин доаѓам до саканата цел, а со тоа сум и посреќна.
Најтопло ги препорачувам овие обуки на менаџерите од сите нивоа, но и на секој кој чувствува потреба од обука од овие теми, бидејќи истите се целосно потребни и нужни во целокупното наше живеење.
Ми беше чест и задоволство што бев учесник на Вашите обуки.
Ви благодарам,
Билјана Ѓоргиевска
Директор на експозитура Кавадарци – Штедилница Можности
Тел. 070/392-535
bgjorgievska@moznosti.com.mk
МОЖНОСТИ (ескпозитура Скопје)
Препорака: За обуките на темите Комуникација во конфликти и Стрес менаџмент.
Како што наведов во евалуацијата од обуките и овде можам да констатирам дека на двете обуки го зголемив своето знаење од наведените теми со посебен акцен на обуката за Стрес менаџмент која во тој момент ми беше попотребна и каде преку реални примери беа пренесени важните содржини до присутните.
Дополнително, обуката ми даде нови насоки за размислување и промена на дел од навиките и во деловниот и во приватниот живот а со цел намалување на стресот.
Затоа на сите кои работат во динамична атмосфера, особено во продажба , наплата или се дел од менаџмент структурата најтопло им препорачувам барем еднаш да присуствуваат на оваа обука.
Петар Славковски
Раководител на Експозитура Лептокарија
Штедилница Можности ДОО.
Контакт: 070/337 258
Емаил: pslavkovski@moznosti.com.mk.
КАФЕ ВЕНДИНГ ГРУПА
Препорака за реализирана обука до страна на СИМБИОТИКА.
На 15.32013 година имав прилика да посетам обука за менаџирање на време реализирана од страна Институтот СИМБИОТИКА во организација на ПСМ Фондацијата.
Јас сум повеќе од задоволна од обуката, поради тоа што на неа научив како повеќе да го ценам времето. Воедно една од најважните работи кои ги научив е како да како да се справам со крадците на времето. Научив и да приоретизирам, што ми овозможи да станам поефикасна и да ги завршувам сите обврските во предвидениот рок.
Особено ми се допадна тоа што обуката се реалзираше преку практични примери што овозможи активност и интеракција со целата група.
Ја препорачувам затоа што мене ми помогна и секој што сака да научи како одлично да го менаџира своето време треба да ја посети.
Сања Даскаловска
Оперативен координатор во
КАФЕ ВЕНДИНГ ГРУПА
ФИБЕРНЕТ М-К
ФИБЕРНЕТ М-К д.о.о. „ул. Борис Трајковски 20/5,
Скопје,Р.Македонија тел. 00389 02 2 403-100,
фах. 00389 02 2 403-100, Моб. 00389 75 449–906
Банка Депонент: Тутунска Банка АД Скопје,
Жиро сметка: 210060594900198,
Единствен даночен број: MK4030005572992,
е-маил. info@fibernet.com.mk, www.fibernet.com.mk
Препорака за Институтот за индивидуален и организациски развој СИМБИОТИКА.
Со цел да се искомуницира моето мислење и впечаток за мојата професионална соработка со д-р Лазар Ѓуров од Институт за индивидуален и огранизациски развој СИМБИОТИКА стекнато во периодот на одржување на обуките за:
• Претприемничко лидерство
• Менаџирање на конфликти
• Интерна комуникација
Обуките кои ги посетив беа така концепирани, што преку многу јасни примери и конкретни насоки добив знаење кое веднаш практично го применив и тоа допринесе за подобрување на водењето на мојата компанија како и за усовршувањето на мојот личен развој.
Г-дин Лазар е одличен предавач и пренесувач на знаење, кој за време на сите обуки успеа да ја одржи интерактивноста на учесниците на високо ниво. Неговата посветеност и професионалност за време на обуките имаа голем придонес за ефективо одржување на предавањата.
Обуките водени од г-дин Лазар би им ги препорачал на сите менаџери и вработени кои имаат потешкотии или дилеми при работењето и водењето на бизнисот, како и на они кои имаат цел да го наградуваат својот личен развој.
Бранислав Илиевски
Директор на Фибернет М-К ДОО
branislav.ilievski@fibernet.mk
БУЧЕН КОЗЈАК
Предмет: Писмо за препорака
Д-р Лазар Ѓуров прв пат имав можност да го запознам на една од обуките кои ги посетувам во CEED Македонија (Center for Entrepreneurship and Executive Development) и уште на самиот почеток бев свесна дека тоа ќе биде мошне интересно искуство за мене.
Пред себе имав предавач кој што зборува на многу префинет и едноставен јазик и секој мошне лесно да ги апсорбира информациите кои ги кажува, без оглед за каков профил на луѓе станува збор. Знаењето кое го поседува мошне несебично го пренесува и во текот на целото негово излагање ги оддржува слушателите во активна состојба. Преточувањето на теоријата низ практични примери на решавање на проблеми со детално елаборирање кој пристап да се одбере и на што да се обрне внимание кај мене предизвика уште поголем интерес за истражување, осознавање и продлабочување на сопственото знаење и зголемување на моите менаџерски спосбности.
Со оглед дека сум на водечка позиција во компанија чија што цел од многуте други е постојан раст и развој, од особено значење за мене е да инвестирам не само во опрема туку и во човечкиот потенцијал. Од таа појдовна основа сметам дека секоја компанија за да може да се носи со секојдневните промени и проблемите кои настануваат, треба да има човечки капитал кој што ќе биде способен да донесе правилна одлука и да знае како да ги водат останатите вработени.
Врз основа на моето лично искуство Ви го препорачувам д-р Лазар Ѓуров за Ваш предавач, обучувач, консултант од областа на менаџментот, лидерството, комуникациите и при тоа сум сигурна дека ќе направите правилен избор на кој начин да ги развивате Вашите вработени.
За било какви дополнителни прашања слободно можете да ме контактирате.
м-р Анита Спасовска
Генерален извршен директор
Бучен Козјак ДОО
mail: a.spasovska@bucenkozjak.mk
mob: +389 75 453 330