„Кажи ми, ќе заборавам,
Покажи ми, ќе запомнам,
Вклучи ме, ќе научам„
Бенџамин Френклин

СИМБИОТИКА работи по методологија за неформално обрзанование и учење преку искуство, за која се сертифицирани нашите главни обучувачи, од Универзитетот за едукација и комуникации Jönköping (hj.se/hlk/en.html) од Шведска – како земја со докажан врвен едукативен систем.

При користење на оваа методологија резултатите се неизбежни бидејќи со неа се креира работна средина во која индивидуите и групите преку директно искуство ги тестираат своите способности и се соочат со сопствените слаби и јаки страни,  откриваат нови работи за себе,  да применуваат нови пристапи, да се обидуваат, да грешат и да извлекуваат лекции.

Педагогијата нагласува дека сите луѓе имаат различен стил на учење. Оваа методологија овозможува задоволување на потребите на учесниците без разлика преку кој од долу наведените стилови најдобро учат и се развиваат.

  • АКТИВИСТ – учење преку дејствување и правење
  • ТЕОРЕТИЧАР – учење преку проучување на теорија
  • РЕФЛЕКСИОНИСТ – учење преку анализа и рефлексија
  • ПРАГМАТИЧАР – учење преку наоѓање на примена на содржините во реалниот живот

Оваа методологија иницира зголемување на знаењето,
промени во ставовите и вредностите на учесниците и
подобрување на секојдневното однесување и функционирање.

При обработувањето на темите се користат следните пристапи:

  • Студии на случај – анализирање на конкретни ситуации од секојдневието и препознавање на теоретските аспекти.
  • Играње на улоги – примена на техниките во конкретни ситуации од нивното секојдневие.
  • Интерактивни дискусии – критички осврт, слободно искажување на став и подлабока анализа на содржините
  • Практични техники и алатки – конкретни чекори и постапки за имплементација на содржините во пракса
  • Кратки интерактивни теоретски делови  – мултимедијални презентации
  • Работа во парови и мали групи – извршување на тимски задачи без учество на обучувачот заради поттикнување на подобро меѓусебно запознавање и иницирање и развој на тимскиот дух
  • Тимбилдинг активности-  практични предизвици за целиот тим, за да се интензивира тимската динамика, да се подобри комуникацијата и да се иницира лидерство и внатрешна синергија.
  • Креативни предизвици – активности за поттикнување на иновативноста и креативноста кај учесниците.
  • Пополнување на анкетни прашалници и – дијагностика на параметри од секојдневното функционирање и лична рефлексија.
  • Индивидуални коучинг и менторски средби – анализа на индивидуалното однесување во специфични контексти и добивање на стручна поддршка со цел максимизирање на работниот перформанс и достигнување на личен развој