wp33d7edff_06

Организациите се во постојана комуникација. Тие комуницираат внатрешно, во своите организациски единици и помеѓу вработените. Но во исто време организациите постојано комуницираат и надворешно. Имиџот и впечатокот што организацијата го остава во јавноста преку надворешната комуникацијата т.е. преку комуникацијата со потенцијалните или постоечките клиенти, со соработниците, преку комуникацијата со општата јавност се аспекти кои во голема мера го одредуваат успехот на организацијата. Во ова време на постојана интеракција и комуникација одржувањето на соодветен имиџ и посакувана слика за организацијата бара поседување на конкретен сет на вештини и способности кои секоја органиција треба да ги развие за луѓето кои се во вклучени во надворешната комуникација.

 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА:

  • За вработени кои работат на позиции преку кои се во постојата комуникација со клинети и соработници
  • За менаџери кои при работењето реализираат надворешна комуникација

 

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

Програмата на обуките за организациски развој се креира по претходна средба со менаџментот (ако има потреба и со вработените) на која ќе се направи утврдување на потребите. На средбата ќе се лоцираат конкретните проблеми и потешкотии и врз база на нив ќе се креира обука со содржини но и вежби прилагодени за надминување на реалните ситуации. Секоја обука е различна за секоја организацијата.

Комбинацијата на теми ќе биде направена од подолу набројаните содржини. Иако по потреба темите може да бидат дополнети, се со цел обуката да биде максимално релевантна и корисна за учесниците.

  • Што е комуникацијата?
  • Поделба на комуникацијата на надворешна и внатрешна
  • Содржини на надворешната комуникација
  • Цели на надворешната комуникација
  • Принципи при надворешната комуникација
  • Трите перспективи на една организација (како ние се гледаме, како ние мислиме дека др не гледаат и како другите навистина не гледаат)
  • Креирање на посакуваниот лик/имиџ на организацијата (како сакаме др да не гледаат?)
  • Креирање на клучните пораки на нашата организација
  • Важноста на вербалната, невербалната и паравербалната комуникција
  • Бреднинг на организација
  • Важни аспекти при изработка на репрезентативен материјал
  • Важни аспекти при пишана надворешна комуникација
  • Презентациски вештини
  • Примена на презентациски вештини во надворешна комуникација
  • Иницијална комуникација во лифт
  • Справување со поплаки на клиенти
  • Справување со клиенти со потешки карактери и начини на комуникација