Time1

Времето е основниот ресурс кој на сите ни е на располагање во идентична количина -24 часа на ден. Начинот на кој ќе го искористиме е клучно за успехот на организацијата. Тие кои ќе успеат за иста количина на време да продуцираат резултати со поголем квантитет и квалитет ќе бидат поконкурентни и поуспешни.

Времето од друга страна е ресурс кој лесно се „лизга низ раце“. Доколку не постои свест и вештини за негово правилно менаџирање може да не можеме да забележиме каде се троши времето а работата на крај пак да остане незавршена. Времето ќе „истекува“ од сите пукнатини на организацијата а конкуренцијата ќе граба напред. Дури и да не сме во трка со конкуренцијата, чувството на недоволна ефикасност ќе влијае на нивото на лична среќа и задоволство.

time-management1

Вештините за менаџирање на времето се многу важни за секоја вработен на сите нивоа. Тие ќе го ги надополнат лидерските и комуникациските вештини. Тие ќе се вградат во личниот менаџмент на вработените а потоа и во културата и практиките на организацијата. Секоја организација мора да има „економичен“ пристап кон времето и да ужива во својата ефикасност продуцирајќи резултати со кои ќе ги прави среќни своите клиенти и вработени и ќе го прави светот поубаво место за живеење.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА

  • За сите организации кои освестуваат потешкотии во менаџирањето на времето
  • За сите организации кои сакаат да го усовршат менаџирањето на времето во текот на своето работење.
  • За раководители на стратегиско, оперативно и основно ниво кои освестуваат дека имаат потешкотии во менаџирање на времето.
  • За раководители од сите нивоа кои сакаат да ги усовршат своите вештини за менаџирање на времето.
  • За вработени кои се на позиции на кои следат исполнување на рокови.

 Time-Management (1)

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

Програмата на обуките за организациски развој се креира по претходна средба со менаџментот (ако има потреба и со вработените) на која ќе се направи утврдување на потребите. На средбата ќе се лоцираат конкретните проблеми и потешкотии и врз база на нив ќе се креира обука со содржини но и вежби прилагодени за надминување на реалните ситуации. Секоја обука е различна за секоја организацијата.

Комбинацијата на теми ќе биде направена од подолу набројаните содржини. Иако по потреба темите може да бидат дополнети, се со цел обуката да биде максимално релевантна и корисна за учесниците.

  • Што е време?
  • Кои се карактеристики на времето како димензија?
  • Улогата на целите во менаџирањето на времето.
  • Правила за поставување на СМАРТ цели
  • Тестирање на способноста за менаџирање на времето
  • Дефинирање на животните улоги и нивната важност
  • Алатка за ПРИОРЕТИЗИРАЊЕ.
  • Креирање на To Dо листа
  • Тестирање за откривање на КРАДЦИТЕ на ВРЕМЕ.
  • Насоки за отклонување на КРАДЦИТЕ на ВРЕМЕ.
  • Златни правила за МАНАЏЕМЕНТ НА ВРЕМЕ.
  • Психолошко време (минато, сегашност и иднина) и поврзаноста со стресот.
  • Процес на планирање на времето во 9 чекори