Има само една непроменлива работа во светот а тоа дека се е во константна промена. Особено денес, во период на глобализација кога работите се менуваат од минута во минута секоја организација мора да биде подготвена да се менува брзо ако сака да остане „во игра“.Развојот на технологијата, динамичната флуктуација на кадарот, брзото влегување на нови големи „играчи“ на пазарот, брзото пренесување на турбуленциите од глобално ниво на локално ниво се аспекти кои можат многу брзо да ги уништат организациите.

Organization

Менувањето на организациите е сложен процес. Тој опфаќа менување на дејноста, структурата, процедурите но и навиките, културата, однесувањето и вредностите на вработените. Промените лесно може да се стават на хартија но нивната имплементација бара способност да се совладаат отпорите за промена на луѓето, да се направи брза и ефикасна промена на функционирање и брзо да се влезе „во ритам“. Способноста за брза трансформација е една од основните квалитети кои ќе гарантираат долг и успешен организациски век.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

  • За организации кои имаат потешкотии при спроведување на организациски промени
  • За организации кои сакаат да го подобрат својот пристап при раководење со организациски промени
  • За  раководители од стратегиско, оперативно или основно ниво кои освестуваат дека имаат потешкотии при раководење со организациски промени
  • За раководители од сите нивоа кои сакаат да ги усовршат своите вештини при раководење со организациски промени
  • За вработени во сектор за човечки ресурси кои сакаат да се стекнат со нови техники и методи за раководење со организациски промени

 Round_Red_Maze

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

  • Видови на организациски промени
  • Промените како секојдневие
  • Промените како единствен начин да се одговори на динамичниот пазар
  • Фази на организациски промени
  • Природата на отпорот кон промени од вработените
  • Чекори и активности за справување со отпорот кон промени
  • Креирање на организациска култура базирана на отвореност кон промени
  • Лидерството како клучен пристап во прифаќањето и успешното спроведување на промените