Во секој човек лежи огромна количина на сила, креативност и потенцијал. Овие содржини може да се стават во „погон“ само ако човекот е доволно мотивиран. Доколку организацијата има систем и менаџери кои можат да ги мотивираат луѓето во неа ќе се случуваат неверојатни работи и ќе има огромен успех. Мотивираните вработени се подготвени да вложат многу труд, многу енергија, многу посветеност, многу креативност и упорност за да ја постигнат поставената цел. Само мотивираните вработени ќе создадат успешна компанија, која брзо ќе се одвои од конкуренцијата и ќе биде место за работењето со задоволство и место каде што сите ќе постигнуваат натпросечни резултати.

demotivated-employees-940x400

Но, мотивирањето на вработените воопшто не е лесно. Ако сакаме да се увериме тоа само треба да погледнеме околу себе. Во многу организации луѓето одат на работа и работат без волја и желба. Работата ја работат бидејќи им е потребна платата која ја добиваат на крајот на месецот. Обврските ги извршуваат со мало вложување и без желба. И тие компании раководителите се обидуваат да извлечат максимум но едноставно не знаат како.

Често се мисли дека ако на вработениот му дадеш повисока плата, му понудиш бонус за дефиниран таргет си ја завршил работата. Но, искуството не го потврдуваат тоа. Финансиската награда може да биде мотивирачки фактор но не секогаш и не на долг рок. Постојат уште една цела низа на мотивациски фактори кои ќе обезбедат силно мотивирање на луѓето. Таквите фактори нема да базирани само на финансиска награда туку тие ќе обезбедат и силна лојалност и припадност кон организацијата. Бидејќи кога станува збор за мотивирањето преку пари, вработените се секогаш подготвени да ја напуштат компанијата само затоа што на друго место ќе добијат повеќе. Само во организации каде што постои ефикасен систем за мотивирање на вработените ќе има успех и задоволство при работењето.

proc-vybrat-arbes_71826484_small

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА:

  • За организации кои имаат потешкотии да ги мотивираат своите вработени
  • За организации кои сакаат да го подобрат својот систем за мотивирање на вработените
  • За  раководители од стратегиско, оперативно или основно ниво кои освестуваат дека имаат потешкотии во мотивирањето на своите вработени.
  • За раководители од сите нивоа кои сакаат да ги усовршат своите вештини за мотивирање на своите вработени.
  • За вработени во сектор за човечки ресурси кои сакаат да се стекнат со нови техники и методи за мотивирање на вработени.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

  • Што е мотивација?
  • Мотивацијата преку призмата на човековите потреби
  • Што се тоа мотиватори
  • Идентификување на личните мотиватори
  • Улогата на личниот вредносен систем во самомотивираноста
  • Идентификување на личниот вредносен систем
  • Материјални и нематерјални фактори на мотивација
  • Наградата како мотиватор
  • Казната како мотиватор
  • Целта како мотиварот
  • Смислата и значењето како мотиватор
  • Односот и комуникацијата како мотиватор
  • Припадноста како мотиватор
  • Автономијата и слободата како мотиватор
  • Можноста за продонес како мотиватор
  • Можноста за учење и развој како мотиватор
  • Мотивациски профил на секој вработен
  • Лидерот како мотиварот
  • Споредувањето како фактор во мотивацијата
  • Осетливоста на мотивацискиот процес на надворешни влијанија