ato

Наоѓањето на вистинската дијагноза е пола излечена болест. Функционирањето на организациите е сложен процес. Тој опфаќа функционирање на група на луѓе со различни карактери и способности во изразена динамика со јасно дефинирана цел. Често менаџерите ќе забележат потешкотии во функционирањето. Тие ќе забележат дека постои неусогласеност во комуникацијата, недоволна мотивираност и посветеност во работењето, потиснати или отворени конфликти, пасивни или активни начини на пружање на отпор кон комуницирањето или работењето, недоволна организираност во работењето и сл. Сите овие ситуации директно влијаат на работната ефикасност и резултати.

За да една организација почне да функционира поускладено, поорганизирано, поефикасно, поуспешно потребно е прво да се направи точна, објективна дијагностика на проблемите и предизвиците со кои се соочува. Освестувањето на симптомите е полесниот дел, но наоѓањето на точната дијагноза е потешкиот дел од решавањето на предизвиците. Како и кај човечки организам, лесно е да ги забележиш симптомите, пример имаме болки во стомакот. Потешкиот дел е да откриеме зошто имаме болки во стомакот, што е причината?

Diagnostic_Imaging_header (1)

Организациската дијагностика е сложен процес. Таа опфаќа различни постапки и методи за доаѓање до точната дијагноза. Се користи во процес на организациски развој. При секој систематизиран организациски развој, прво се прави организациска дијагностика а потоа се прави план на активности за решавање на проблемите. Клучен момент во организациската дијагностика е добивање на релевантни и објективни информации за да може да се лоцира вистината „дијагноза“ т.е. причина за појава на „симптомите“ т.е. организациските недостатоци во функционирањето. Често менаџментот се жали на вработените, а пак вработените се жалат на менаџментот или на начинот на функционирање или соработка со другите сектори или колеги. И во тие различни „приказни“ потребно е да се биде објективен и да се процеди која од нив е вистина. Наоѓањето на објективната вистина е клучниот предизвик во организациската дијагностика. Тоа може да го направи само стручен, едуциран и искусен човек.

 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА АКТИВНОСТ:

  • За сите организации чии менаџери лоцираат одредени слабости во функционирањето и сакаат да ги дијагностицираат вистинските причини и да креираат план за развој на организацијата.
  • За сите организации кои сакаат да станат високо ефикасни, одлично организирани и недпросечно успешни во своето работење.

 

СОДРЖИНА НА ОВАА АКТИВНОСТ:

  • Првичен разговор со менаџментот за дефинирање на симптомите.
  • Полу структурирани интервјуа со менаџментот.
  • Полу структурирани интервјуа со вработените.
  • Полу структурирани интервјуа со клиенти (ако има согласност за тоа).
  • Спроведување на истражување со соодветни инструменти (прашалници) за дијагностицирање на одредени организациски параметри.
  • Директна опсервација на работењето.
  • Изработка на детален извештај.