1D

Ускладеноста на функционирањето на организацијата е еден од факторите кои и дава изразена конкурентска предност. Квалитетот брзо тимски да се одреагира на предизвиците кои стојат на патеката на успехот е квалитет кој тешко се развива но неговото присуство ќе ја подигне вредноста на организацијата на многу повисоко ниво. Голем дел од организациските карактеристики најдиректно зависат од нејзината тимско функционирање.

Општата организациска клима како и нивото на мотивираност во најголема мера зависи од нивото на тимско функционирање на организацијата. Доколку постои прифаќање на вработените во тимот, доколку постои меѓусебно почитување и ускладена комуникација, доколку лидерството е прифатено а не наметнато, доколку постојат усвоени и практикувани правила на функционирање вработените ќе се бидат задоволни и мотивирани а во организацијата ќе владее одлична и поттикнувачка организациска клима.

10

Иако е толку неопходно, тимското функционирање е аспект кој не се развива толку едноставно. Секојдневната интензивна динамика секогаш не дозволува секој процес да биде евалуиран соодветно да се извлечат сите поуки за сите учесници и тимот во следниот предизвик да влезе со научена лекција. Во исто време во брзото работење многу често може поради недоразбирање, случајно или намерно да се нанесе штета врз одредена релација или начин на функционирање. Многу често во текот на работењето се создаваат и отворени или потиснати конфликти кои во текот на функционирањето немаме можност детално да ги разработиме, дистанцирано да ги изанализираме и на најбезбеден начин да го разрешиме.

5

Организацискиот тимбилдинг е одлична можност во безбедна атмосфера, потполно на страна од секојдневната динамика да креираме атмосфера за учење и развој. Преку тимски задачи за кои не постојат готови инстант решенија вработените да се впуштат во барање на најдобрите солуции. Во овие процеси на виделина ќе излезат нивото на тимско функционирање и сите внатрешни предизвици со кои се соочува тимот. Под стручно водство овие предизвици ќе бидат отворени, изанализирани, проучени и со заеднички напор надминати. Организацискиот тимбилдинг е одлична можност за зајакнување на тимот, ускладување на комуникацијата и зголемување на ефикасноста. Организацискиот тимбилдинг е одлична „витаминска инекција“ за успешното функционирање на организацијата!

 

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА АКТИВНОСТ:

  • За организации кои имаат одредени потешкотии во организациското функционирање.
  • За организации кои сакаат да го подигнат тимското функционирање на повисоко ниво.
  • За организации кои сакат да поминат квалитетно време заедно, забавувајќи се, учејќи и ускладувајќи го тимот.

 

СОДЖИНА НА ОВАА АКТИВНОСТ:

  • Тимбилдингот може да се дизајнира во различни форми и со различна програма. Во зависност од потребата на организацијата во програмата ќе се направи соодветна застапеност на:
  • тимски активности за кои тимот самостојно треба да најде решение. После секоја тимска активност се прави заедничка рефлексија и затворање на циклусот „learning by doing“.
  • кратки насоки и техники за подобрување на одредни аспекти од тимското функционирање (комуникација во тим, лидерство во тим, менаџерање на конфликти во тим, тимски улоги и сл.)
  • забавни активности кои имаат за цел да им овозможат пријатно време поминато заедно (мини олимписки игри, кареоки, заедничко подготвување на оброци (готвење на кујна, подготовка на скара, подготовка на десерти и сл.), играње на спортски или стратегиски игри, реализирање на натпревари „Јас имам талент“, лотарија и сл.)