Времето е најважниот ресурс со кој располагаме. Тоа е ограничено! 60 минути во еден час, 24 часа во еден ден, 7 дена во неделата, 365 дена во годината. Времето е неповратно! Неподготвеноста за соодветна реакција во конкретниот момент или непочитување на одреден рок води кон губење на можноста или неискористување на целиот нејзин потенцијал. Времето е континуирано!
Додека го читате овој текст времето тече… не можеме да го запреме. Единствено што можете е да научите како правилно да го искористите за да живеете успешно и среќно! Оваа обука е вистинското место за тоа!
ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
Датуми на реализација: 15 и 22 јуни, дводневна обука (од 10:00 до 18:00 часот).
Локација: Скопје (по пријавувањето ќе ви испратиме мапа со локација)
Пријави се до 7.06 и добиј попуст:
Невработени – 55% = 2300 денари. (од редовната 5.000 ден.)
Вработени – 35% = 3300 денари (од редовната 5.000 ден.)
Добиваш дополнителен попуст за пријава во пар.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
- вработените – кои имаат динамична и обемна работа, мислат дека е невозможно да стигнат да завршат сѐ, во рамки на роковите и квалитетно.
- менаџерите – кои треба да исполнат претходно дефинирани рокови без да дозволат да бидат дефокусирани и залудно да го трошат времето на неважни обврски.
- семејни луѓе – кои покрај работата имаат уште многу семејни обврски и живеат со чувство на премореност, неорганизираност и грижа на совест дека не поминуваат квалитетно време со семејството.
- невработени и студенти – оние кои сакаат да научат како да го искористат правилно времето, да ги напишат семинарските, да ги положат испитите, да ги постигнат своите цели, да најдат работа и ефикасно да ја извршуваат.
- сите кои сакаат да научат како покрај работните обврски да си обезбедат време и за својот приватен, социјален и семеен живот.
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- Што е време, карактеристики …?
- Што е менаџмент на време?
- Лична визија.
- Дефинирање на животните улоги и нивната важност.
- Поставување на долгорочни, среднорочни и краткорочни цели.
- Алатка за ПРИОРЕТИЗИРАЊЕ.
- Креирање на To Dо листа.
- Тестирање за откривање на КРАДЦИТЕ на ВРЕМЕ.
- Насоки за неодлагање.
- Златни правила за МEНАЏЕМЕНТ НА ВРЕМЕ.
- Психолошко време (минато, сегашност и иднина) и поврзаноста со стресот.
ПРИДОБИВКИ НА ЛИЧНО НИВО
- Ќе знаеш како да ги организираш обврските.
- Нема да трчаш од обврска на обврска.
- Ќе си поставуваш цели и планови кои ќе те водат до зацртаниот успех и мир.
- Ќе ги откриеш крадците на време и ќе знаеш како да ги отклониш.
- Ќе имаш време за одмор.
- Ќе имаш време за луѓето кои ти се драги.
- Ќе се намали стресот – нема да си во постојано брзање.
- Ќе го нема чувството дека постојано доцниш.
ПРИДОБИВКИ НА ПРОФЕСИОНАЛНО НИВО
- Ќе знаеш да приоритизираш, да дефинираш што е најважно, а што може да почека и да носиш правилни одлуки
- Ќе ги завршуваш обврските ефикасно и квалитетно, без одложување, во рокот.
- Ќе научиш како да планираш реалистично, но и како и кога да правиш промени со роковите.
- Ќе бидеш помотивиран/а за работа – ќе имаш јасни цели и конкретни задачи.
- Ќе ја подобриш својата ефикасност и организираност и ќе може да конкурираш за посакуваната работа или повисока работна позиција.
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ ЗА ОВАА ОБУКА?
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА!