Секој заслужува да живее слободно и среќно реализирајќи го својот неограничен потенцијал! – ова е главната внатрешна мотивација која ја поттикнува Мирјана посветено да работи на својот развој и на личниот и професионалниот развој на другите.
Мирјана има 7 годишно искуство во граѓански сектор и 4 годишно искуство во приватен сектор.
Нејзиното портфолио се состои од реализација на курсеви и обуки за развој на soft skills – меки вештини (комуникациски вештини, менаџирање на конфликти, развој на кариера, лидерство) наменети за различни целни групи: млади, родители, граѓански организации, едукативни работници, вработени во компании.
Нејзиното искуство вклучува и организација на образовни и бизнис настани, креирање и водење на комуникациски кампањи.
Како менаџер за едукација и развој во Институт Симбиотика е задолжена за развој и водење на едукативните програми, организација на работењето и осигурување на квалитет на услугите.
Таа е и мајка на две дечиња – ова лично искуство ја поттикнува да го унапреди своето образование на тема родителство и создавање на квалитетни можности за развој на децата за да станат слободни, независни, активни, одговорни, приспособливи и само-свесни индивидуи.
Се фокусира на проучување на влијанието на родителите и едукаторите врз социо-емоционалниот развој на децата од претшколска возраст, како магистрант на Институтот за педагогија, на Филозофскиот факултет во Скопје.
Мирјана има за цел да ја подигне свеста за важноста на:
– поврзувањето, градењето на квалитетни релации меѓу родителите и децата и
– развивањето на социјални и емоционални компетенции кај детето,
клучни за постигнување на надворешен успех и внатрешна среќа!
Верува дека родителите може многу да помогнат креирајќи позитивни искуства за учење и развој на своите деца.
И го користи своето знаење и искуство во нудење на квалитетна поддршка на родителите и креирање на квалитетни врски со своите деца.
Реализација на универзитетски курсеви и обуки
Долгогодишно искуство во реализација на универзитетски курсеви и обуки во следните области: лидерство, развој на заедницата, комуникација, тимбилдинг, конфликт менаџмент, проектен менаџмент, кариерен развој
- Универзитетски курс за Лидерство и младинска работа во заедницата, во Тетово и Приштина, реализиран во Центар за неформално образование – Триаголник, поддржан од Универзитет на Југоисточна Европа – ЈИЕУ.
Предмети предадени: Вовед во младинска работа во заедницата и личен развој; Период на адолсценција; Менаџирање на младинска работа; Работа со индивидуи; Работа со групи; Менаџирање на конфликт и различности; Изработка на тренинг програми и евалуација на едукативни програми; Тренинг – практична примена, ко-фацилитација и употреба на тренинг материјали. - Едукативен курс за развој на лидерските вештини на ранлива група на млади луѓе во Косово, со цел нивно активно вклучување во заедницата.
Предмети предадени: Вовед во младинска работа и неформално образование, Етика во младинска работа, Менаџирање на себе и другите/планирање на работата со млади луѓе, Работа со индивидуи, Работа со групи, Менаџирање на конфликт и различности. - Едукативен курс реализиран со просветни работници од Скопје, Кавадарци, Делчево и Тетово за доусовршување на нивните капацитети за работа со млади – Вовед во методологијата на неформалното образование и развој на заедницата.
- Спроведување на тренинзи во рамките на Курсот за лобирање и застапување за граѓански организации кои работат со млади во Република Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
- Курс за вработување и самовработување за ранлива група на лица од руралните области во Република Македонија.
Предмети предадени: развој и одржување на ефективна комуникација, тимска работа и менаџирање на конфликти, барање на работа, претприемништво и креирање на бизнис план. - Спроведување на обуки во следните области: развој на родителски вештини, ефективна комуникација, лидерство и тимска работа, развивање на едукативни програми засновани на стандардите за работа со млади, ко-фацилитација и фацилитација на групи, младинска работа и волонтерство, активно граѓанство, асертивност и самодоверба, односи со јавност.
- Временска рамка на работното искуство:
2015 – во тек – Институт Симбиотика Скопје
2008 – 2015 – Центар за неформално образование – ТРИАГОЛНИК, Скопје
Реализација на комуникациски активности
Имајќи го зад себе факултетското образование во областа на комуникациските науки (подготовка и водење на комуникациски кампањи, односи со јавност, односи со медиуми, организациска комуникација, корпоративна организациска одговорност итн) спроведува различни комуникациски активности согласно потребите на организациите во кои што работи.
- Креирање на стратегија и водење на комуникациски кампањи
- Организирање и водење на различни јавни настани: образовни и бизнис конференции, отворени настани, тркалезни маси, трибини итн.
- Комуникација со медиуми
- Уредување на веб страна и водење на социјални медиуми
- Идејно креирање на репрезентативен материјал
- Временска рамка на работното искуство:
2015 – во тек – Институт Симбиотика Скопје
2008 – 2015 – Центар за неформално образование – ТРИАГОЛНИК, Скопје
Образование
- Последипломски студии по педагошки науки на Институт за педагогија, на Филозофскиот факултет – Скопје
- Додипломски студии за Лидерство и младинска работа во заедницата, на Универзитет на Југоисточна Европа – ЈИЕУ, Тетово
- Факултет за комуникациски науки и технологии, на Универзитет на Југоисточна Европа – ЈИЕУ, Тетово
- Интернационален сертификат за Лидерство и младинска работа, Факултет за едукација и комуникација, Јончопинг, Шведска; Универзитет на Југоисточна Европа – ЈИЕУ, Тетово.