Meetings_1round_the_table

Состаноците се облици на комуникација каде обично се координираат или планираат нови активности, се разговара за проблемите, се дискутираат нови идеи или се споделува фидбек за реализирани активности.

Ако вработените не поседуваат соодветни вештини за успешно фасилитирање на состаноците, од место за покоординирано и поуспешно работење може да се претворат во жаришта на конфликти и залудно потрошено време во долги и непотребни дискусии.

Од успехот на состаноците зависи ефикасноста во работењето, координираноста на активностите, квалитетот на новите идеи, брзото излекување на научени лекции, мотивираноста на вработените и целокупниот успех на компанијата.

 

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:

  • Вработени кои се наоѓаат во позиција да организираат и реализираат состаноци
  • Раководители од стратегиско, оперативно и основно ниво кои организираат и реализираат состаноци

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Видови на состаноци
  • Содржина на различните видови на состаноци
  • Фаза на состанокот
  • Клучни аспекти при подготовка на состанок
  • Структура на состанок
  • Важни аспекти при креирање на дневниот ред
  • Клучни аспскти при отварање на состанок
  • Фаза на реализација на состанок
  • Клучни апспекти при реализација на состанок
  • Фасилитација на дискусија
  • Фасилитација на процес на донесување на групна одлука
  • Справување со специфични ситуации и учесници на состанокот
  • Фаза на затворање на состанокот
  • Активности по завршување на состанокот
  • Евалуација на успешност на состанокот – учење преку искуство

ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС

  • Поефикасно и поефективно ќе ги завршувате активностите
  • Лесно и конструктивно ќе ги решавате конфликтите меѓу вработените
  • Ќе научите како да ги решавате проблемите со вклученост на сите членови од тимот
  • Ќе влијаете на зголемување на мотивираноста и продуктивноста на колегите
  • Ќе знаете како да се справувате со “потешки” соговорници
  • Ќе научите појасно и конструктивно да ги изразувате своите ставови
  • Ќе влијаете на подобрување на соработка меѓу вработените и на јакнење на тимскиот дух