Емоциите постојат за да ни го олеснат живеењето.
Тие ни помагаат да станеме свесни за своите потреби. А, задоволувањето на нашите потреби е важно доколку сакаме добро да се грижиме за себеси и да сме продуктивни и корисни како за себе така и за околината во која што живееме.

Нашите емоции ни помагаат да откриеме кои се нашите потреби преку начинот на кој што чувствуваме. Доколку чувствуваме лутина, таа емоција посочува дека треба да решиме проблем со некоја ситуација или личност и дека треба да го промениме однесувањето. Само кога таа потреба ќе биде задоволена тогаш ќе може да се чувствуваме смирено и среќно. Игнорирањето и потиснувањето на емоциите и потребата не нѐ носи кон посакуваните резултати.

Емоциите се важни бидејќи тие влијаат на начинот на кој што ние ги носиме одлуките. Од изборот на нашата реакција во дадена ситуација ќе зависи и со какви последици ќе се соочиме. Доколку донесеме одлука заснована на страв или лутина, тогаш последиците со кои ќе се соочиме нема да бидат исто пријатни – одлуката нема да биде правилна и разумна.

Важно е и да знаеме дека емоциите постојат во нашето тело и нивното неконструктивно изразување или потиснување остава траги – си нанесуваме штета на себеси и на нашето здравје.

ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

Времетраење: 32 часа (2 дена  обука + 1 ден рефлексија)
Време на реализација: 10:00 до 18:00 часот.
Локација: Скопје (по пријавувањето ќе ви испратиме мапа со локација)
Цена: 8500 денари
Цена со попуст за рана пријава:
Вработени – 35% = 5500 денари
Невработени – 55% = 3800 денари.
Цена со попуст ако дојдат двајца учесници:
Вработени – 40% = 2 х 5100 денари
Невработени – 60% = 2 х 3400 денари.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

  • Сите кои сакаат да ги подобрат своите односи во семејството, пријателскиот круг и работната средина
  • Сите кои мислат дека емоциите им се пречка во секојдневното справување со проблеми и ситуации и сакаат да научат да раководат успешно со своите емоции, но и со емоциите на другите
  • Вработените кои сакаат да научат како да се справат со различните емоционални реакции на клиентите, колегите и соработниците
  • Учениците и студентите кои сакаат да научат како да се справат со барањата и притисокот од врсниците, родителите, наставниците/професорите, а истовремено да ги испочитуваат своите чувства и потреби за слобода, истражување, учење на патот кон зрелоста

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Што се емоции?
  • Разбирање на природата на емоциите, нивното манифестирање и влијание
  • Што е емоционална интелигенција и карактеристики
  • Карактеристики на високо емоционално-интелигентен човек и ниско емоционално-интелигентен човек
  • Идентификација на личниот стил на однос и справување со емоции
  • Техники за препознавање и изразување на сопствените емоции
  • Техники за раководење на емоциите на другите луѓе
  • Техники за смирување и враќање во рамнотежа во ситуации на стрес, паника, страв

ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС НА ЛИЧНО НИВО

  • Ќе изградите отворен и позитивен став кон сите ваши емоции (страв, лутина, тага, радост итн.)
  • Ќе станете свесни за вашата моментална емоционална состојба (со кои конкретни емоции се соочувате секој ден, кои се вашите критички точки на губење на рамнотежа, разум, смиреност итн.)
  • Ќе станете свесни за вашиот личен стил на справување со емоции и како тој влијае на вашето секојдневие
  • Ќе воспоставите пракса на континуирано следење на вашата лична емоционална состојба и како таа влијае на секој сегмент од вашиот живот
  • Ќе знаете да примените техники за освестување и изразување на вашите емоции на продуктивен и корисен начин за вас и вашата околина
  • Свесно и разумно ќе избирате кога, со кого и на каков начин ќе ги комуницирате вашите емоции
  • Ќе бидете способни јасно и директно да ги изразувате вашите чувства и потреби, без потиснување и повлекување
  • Ќе се намалат импулсивните емоционални реакции
  • Ќе ви се намали стресот
  • Со поголема леснотија ќе ги решавате секојдневните предизвици
  • Ќе научите да сте искрени со себе и ќе градите искрени и вистински релации со луѓето околу вас

ПРИДОБИВКИ НА ПРОФЕСИОНАЛНО НИВО

  • Ќе станете поефикасни и поефективни
  • Ќе знаете да се справувате со различните емоционални реакции на клиентите, колегите, соработниците
  • Ќе научите да раководите со вашите емоции и да ги трансформирате недоразбирањата и проблемите во креативни и продуктивни решенија
  • Клиентите и соработниците ќе избираат со вас да комуницираат и соработуваат
  • Повеќе ќе ви веруваат, ќе ве почитуваат и ќе добивате можности за повисока работна позиција и придобивки

 ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ ЗА ОВАА ОБУКА?
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА!

ПРИЈАВА