1Depositphotos_3300394_l

Живееме во време во кое сите сакаат да бидат успешни и да имаат добра кариера. Но, за да одредена желба стане реалност таа прво треба да се формулира во цел, од неа да произлезе конкретен и реално остварлив план кој чекор по чекор ќе нѐ однесе до посакуваната работна позиција.

Изборот на својата професија е еден од најважните избори во животот. Од неа ќе зависи дали времето поминато на работното место ќе биде измачување или уживање. Изборот на професијата често се прави врз основа на моментални убедувања, без проверка преку ефикасни алатки за што реално сме предодредени, во која област и професија ќе можеме да се реализираме целосно и да ги искористите нашите природни таленти и афинитети како личност.

Пристапот „ќе завршам факултет, па ќе барам работа“ е одамна надмината работа. Навременото изработување на план за кариерен развој ќе ни помогне на време да го почнеме нашето оспособување за идната професија, а и да можеме да се избориме за работата што ја сакаме и во неа да бидеме натпросечно успешни, што ќе ни помогне да работиме и уживаме во текот на целиот работен век.

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:

  • Сите кои сакаат да имаат успешна кареира на долг рок
  • Средношколци кои сакаат да направат правилен избор на факултет и навреме да ги почнат подготовките за свое оспособување за своето идно работно место
  • Студенти кои сакаат да направат план за чекорење кон посакуваното работно место и стекнување на клучните способности – барани за конкретната работна позиција
  • Невработени кои сакаат да ја најдат посакуваната работна позиција
  • Вработени кои не се сигурни дали го избрале вистинското место и сакаат да направат промена

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Што е кариерен развој?
  • МБТИ тестирање на личност за одредување на најсоодветна област за вработување
  • Истражување на пазарот на труд
  • Изработка на план за кариерен развој
  • Континуирана подготовка за вработување
  • Иноватиновност при барање на работа
  • Креирање на мрежа на контакти во обид да се најде работа
  • Изработка на одлично CV
  • Важни аспекти при изработка на CV
  • Видови на интервјуа за работа и подготовка за успешно поминување
  • Што се универзалните квалитети кои секој работодавач ги бара од потенцијалните работници
  • Процес на прилагодување на ново работно место (разбирање на мисијата и принципите на работење на организацијата, разбирање на своите должности, разбирање на своето место и улога во организациската структура…)
  • Организациска култура и насоки за брзо прилагодување на истата
  • Разбирање на филозофијата и принципите на работење на шефот и насоки за брзо прилагодување
  • Важноста на тимска работа на ново работно место и насоки за брзо станување дел од тимот

ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС

  • Ќе станете свесни каков тип на личност сте; кои се вашите слаби и јаки страни, афинитети
  • Ќе изградите визија за себе – каде се гледате во иднина на личен и професионален план
  • Ќе научите како да направите квалитетна анализа на пазарот на трудот и анализа на професионалната област за која сте заинтересирани
  • Ќе научите да креирате јасни кариерни цели и реалистични планови
  • Ќе стекнете способности за барање на работа и успешно поминување на работните интервјуа
  • Ќе се здобиете со знаење и вештини како полесно и поефикасно да се приспособите на новото/првото работно место
  • Ќе креирате можности за напредок во кариерата и искачување на повисока работна позиција