1234567890

Комуникацијата е неизбежен и секојдневен дел од нашиот живот. Но, и покрај нејзината сеприсутност и важност, во нашето општество недостасува правилен пристап за едукација и развој на соодветни вештини.
Ниту семејствата, ниту образовните институции ни ги даваат потребните знаења ниту ни ги градат потребните вештини.
Ваквата состојба на недоволно развиени комуникациски вештини е основата на многу потешкотии и проблеми во секојдневното семејно, социјално и професионално живеење и функционирање.

ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

Времетраење: (1 ден  обука, 6 дена примена и 1 ден рефлексија)
Време на реализација: 10:00 до 18:00 часот.
Локација: Скопје (по пријавувањето ќе ви испратиме мапа со локација)
Цена: 5000 денари
Цена со попуст за рана пријава:
Невработени – 55% = 2300 денари.
Вработени – 35% = 3300 денари
Цена со попуст за рана пријава ако дојдат двајца учесници:
Невработени – 60% = 2 х 2000 денари.
Вработени – 40% = 2 х 3000 денари

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

  • Сите кои чувствуваат дека не можат да се разберат со семејните членови или пријателите и не знаат како да ги подобрат односите
  • Студенти и ученици кои сакаат да ги импресионираат своите наставници и професори и да добијат високи оценки
  • Невработени кои се подготвуваат за интервјуа за работа и за успешно работење
  • Вработени-почетници – за нивно полесно приспособување на работното место и полесно градење на квалитетни релации со колеги и надредени
  • Вработени кои освестуваат дека имаат потешкотии во комуницирањето и разбирањето со надредените, колегите или клиентите
  • Вработени кои интензивно комуницираат со клиенти или често добиваат жалби и критики
  • Оваа обука дава квалитетна основа за обуката за продажни вештини и обуката за менаџирање на конфликти

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Што е комуникација?
  • Цели на комуникацијата
  • Фази на комуникацијата
  • Видови на комуникацијата
  • Вербална комуникација
  • Невербална комуникација
  • Паравербална комуникација
  • Кинетика во комуникацијата
  • Насоки за правилно читање на говор на тело
  • Улогата на фацијалните микро експресии
  • Пречки во комуникацијата
  • Важноста на слушањето во комуникацијата
  • Техники за активното слушање

ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС НА ЛИЧНО НИВО

  • Ќе комуницирате успешно и лесно со своите најблиски (семејство, деца, роднини, пријатели)
  • Ќе ги подобрите односите и релациите со своите интимни партнери (дечко/девојка, сопруг/сопруга)
  • Ќе знаете како да започнете и да одржувате квалитетни релации со познати и непознати луѓе
  • Ќе можете многу полесно и за многу пократко време да се разбирате со луѓето со кои разговарате (дома, пријатели, на работа…)
  • Ќе станете свесни како вие комуницирате и како вашиот личен стил на комуникација влијае на сите останати
  • Ќе знаете како јасно и конструктивно да ги изразувате вашите потреби и барања
  • Ќе се изразувате кратко и јасно
  • Ќе станете свесни за пораките кои што ги праќате со говорот на вашето тело и свесно ќе го користите
  • Лесно ќе ги откривате причините за недоразбирањата и брзо ќе ги отклонувате
  • Ќе можете да се разбирате со луѓе кои немаат добри комуникациски вештини

ПРИДОБИВКИ НА ПРОФЕСИОНАЛНО НИВО

  • Ќе знаете да иницирате и одржувате квалитетни односи со клиентите, надредените и колегите
  • Клиентите ќе бидат задоволни од вашиот однос и начин на комуникација
  • Ќе ги подобрите односите и релациите во тимовите
  • Разговорите и состаноците ќе бидат пократки и поефикасни
  • Ќе знаете како да се справувате со „тешки клиенти“
  • Ќе придонесете во креирање на продуктивна и мотивирачка работна атмосфера во компанијата

 

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ ЗА ОВАА ОБУКА?
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА!

ПРИЈАВА