Дали сакаш да успееш, а истовремено да бидеш и исполнет и среќен? Дали мислиш дека можеш многу повеќе од она што во моментов го правиш?
Животот од нас бара да бидеме активни чинители, наместо пасивни корисници. Живеењето носи многу предизвици, секој од нас треба да преземе одговорност и да направи сѐ што е во негова моќ да ги решава ситуациите, да внесува промени за доброто на сите.
Лидерството како способност да се влијае на другите во посакуваната насока е сложен сплет на лични карактеристики, квалитети и вештини.
Оваа обука има уникатна програма преку која учесниците ќе се стекнат со сознанија за механизмите на личниот развој, ќе ги разберат и ќе бидат иницирани да почнат да ги применуваат.
Ќе им овозможи на учесниците да го разбудат лидерот во себе и да почнат да создаваат промени дома, на работа, во заедницата каде што живеат.
Само ако влеземе во процес на континуиран личен развој и будење на лидерот во нас, ние ќе можеме да го изразиме во целост нашиот внатрешен потенцијал и ќе живееме активен и исполнет живот.
ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
Времетраење: 2 дена обука / од 10:00 до 18:00 часот.
Локација: Скопје, нас. Аеродром (по пријавувањето ќе ви испратиме мапа со локација)
Цена: 7000 денари
Цена со ваучер:
Вработени – 35% = 4600 денари
Невработени – 55% = 3200 денари.
Цена ако со 1 ваучер дојдат двајца учесници:
Вработени – 40% = 2 х 4200 денари
Невработени – 60% = 2 х 3800 денари.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
- Сите кои сакаат да се менуваат и развиваат, без разлика на возраста, социјалниот статус или образованието
- Сите кои сакаат да бидат успешни лидери во активностите во кои се вклучени
- Вработените чие работно место од нив бара доразвивање на лидерскиот потенцијал и квалитетно водство на луѓето со кои работат
- Семејните луѓе кои во текот на живеењето се соочуваат со предизвици за кои сметаат дека им е потребен поголем активизам и лидерство
- Невработените кои сакаат да ги превземат работите во свои раце и завземат активен однос кон барањето на работа или почнувањето на свој сопствен бизнис
- Студентите и учениците кои сакаат на време да заземат активен однос кон животот, да креираат промени на училиште, факултет, во заедницата во која што живеат
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- Цели на личниот развој
- Фази на личниот развој
- Самосвесноста како клучен елемент за личен развој
- Алатки и техники за зголемување на самосвесноста
- Емоционалната интелигенција како дел од процесот на личен развој
- Личниот развој низ концептот на искуствено учење
- Пречки во практикување на искуственото учење и насоки за нивно надминување
- Самоанализа – лоцирање на лични силни и слаби страни
- Важноста на самодисциплината и самоконтролата
ЛИДЕРСТВО
- Што е лидерство? Природата на лидерството
- Психологијата на лидерството
- Содржини на лидерството
- Видови на моќ и нивна примена
- Важноста на довербата во лидерството и процес за нејзино стегнување
- Улогата на визија во лидерството
- Личните вредности во лидерството
- Интегритетот во лидерството
- Лидерство ниво 5
- Процес на воспоставување на лидерски однос
- Трансформациско лидерство
- Четирите лидерски компетенции и начин за нивно развивање
ПРИДОБИВКИ НА ЛИЧНО НИВО
- Ќе се зголеми вашата самодоверба и сигурност во себе
- Ќе станете свесни за вашите слабости и силни страни
- Ќе научите како да ги прифатите вашите слабости и да креирате можности за усовршување
- Ќе ги подобрите вашите релации со семејството, потесната и пошироката заедница во која што живеете
- Луѓето повеќе ќе ви веруваат, ќе ве следат и ќе ви се приклучат во акциите за промена
- Проблемите и предизвиците ќе ги решавате со поголема леснотија и ефикасност
- Ќе бидете посреќни
- Ќе се охрабрите да ги претворите вашите соништа во реалност
ПРИДОБИВКИ НА ПРОФЕСИОНАЛНО НИВО
- Ќе научите како да ги водите и инспирирате луѓето
- Успешно ќе ги лоцирате проблемите и со решителност ќе пристапите кон нивно решавање
- Ќе стекнете способност за визионирање и креирање на позитивни промени за свое лично и општо добро
- Ќе ве препознаваат и признаваат како лидер во тимот, ќе ви веруваат и следат
- Ќе бидете личен пример и ќе влијаете на подобрување на работната ефикасност
- Ќе остварувате поголеми резултати и ќе имате поголема поддршка од соработници, колеги, клиенти, потрошувачи
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ ЗА ОВАА ОБУКА?
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА!