banner-family

Конфликтите се постојано присутни и ако не знаеме правилно да ги трансформираме, тие можат да направат огромни штети во нашиот живот и релациите со другите. Многу семејни и роднински релации се постојано тензични, многу пријателства и емотивни врски се прекинати, многу бракови се раскинати само поради недостатокот на способностите да се слушнеме, јасно, директно и конструктивно да се изразиме, да ги менаџираме нашите и туѓите чувства, да направиме квалитетна анализа итн.

Конфликтите се состојби кои предизвикуваат силен емоционален набој кој може да го замрачи умот и да го блокира рационалното размислување и индивидуата да прибегне дури и кон поизразени форми на вербално или физичко насилство.

Менаџирањето на конфликтите е способност која мора да ја научиме ако сакаме да живееме среќно. Тоа ќе ни помогне секој конфликт да го гледаме како можност за развој, за збогатување со уште една различна перспектива и идеја која може да нѐ однесе напред наместо назад.

ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

Времетраење: (1 ден  обука, 6 дена примена и 1 ден рефлексија)
Време на реализација: 10:00 до 18:00 часот.
Локација: Скопје (по пријавувањето ќе ви испратиме мапа со локација)
Цена: 5000 денари
Цена со попуст за рана пријава:
Невработени – 55% = 2300 денари.
Вработени – 35% = 3300 денари
Цена со попуст за рана пријава ако дојдат двајца учесници:
Невработени – 60% = 2 х 2000 денари.
Вработени – 40% = 2 х 3000 денари

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

  • Сите кои сакаат успешно да ги решаваат недоразбирањата и конфликтните ситуации
  • Сите кои сакаат да научат како да ги менаџираат своите и туѓите емоции
  • Сите кои сакаат да ги подобрат своите односи со семејството и пријателите
  • Сите кои живеат во постојано избегнување на конфликтите, нанесувајќи си емоционална штета
  • Сите оние кои сакаат да ја намалат агресивноста при конфликтни ситуации и да научат да ја пренасочат во продуктивна дискусија основана на меѓусебно разбирање
  • Вработените кои се често во ситуација да се справуваат со тешки клиенти
  • Вработените кои се често во ситуација да се справуваат со поплаки, жалби и примедби од клиенти
  • Вработените кои сакааат да ги решат недоразбирањата и конфликтите на работа со колегите и надредените

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Што е конфликт?
  • Видови на конфликт
  • Динамика на развој на конфликтот
  • Традиционален и современ пристап кон конфликтите
  • Алатките ДРАМА триаголникот и конфликт пазл како перспективи за разбирањето на конфликтите
  • Конфликтот како опасност или како можност за напредок
  • Улогата на емоциите во конфликтите
  • Само свеста како клучен аспект за разрешување на конфликите
  • Важноста на емоционалната интелигенција при менаџирањето на конфликтите
  • Одредување на личен конфликтен стил
  • Примената на асертивната комуникација при трансформацијата на конфликтите
  • Улогата на емпатијата при трансформацијата на конфликтите
  • Формулата на ЈАС говор при трансформирањето на конфликите
  • Пристап за трансформација на конфликтот во 7 чекори

ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС НА ЛИЧНО НИВО

  • Јасно и директно ќе ги изразувате вашите потреби и барања, без потиснувања и повлекувања
  • Ќе изградите отворен и позитивен став кон конфликтите
  • Решително ќе ги преземате работите во свои раце
  • Ќе знаете како да доаѓате до решение – ефикасно и лесно
  • Ќе ви се намалат стресот, агресивноста и други негативни емоции
  • Ќе ги намалите импулсивните реакции
  • Ќе научите како вие да ги менаџирате вашите емоции и емоциите на соговорниците
  • Ќе ги подобрите релациите со најблиските

ПРИДОБИВКИ НА ПРОФЕСИОНАЛНО НИВО

  • Навремено ќе ги лоцирате проблемите и нивните причини
  • Ќе знаете како да се справите со внатрешните сопки и саботирања
  • Ќе ги надминете недоразбирањата и конфликтите помеѓу надредени и подредени
  • Ќе научите да раководите со вашите емоции и да ги трансформирате конфликтите во креативни и продуктивни решенија
  • Ќе знаете како да им пристапите на конфликтите и тензиите со вработените/колегите кои не се решени подолго време
  • Ќе иницирате јакнење на тимскиот дух и тимско функционирање
  • Ќе станете поефикасни и поефективни
  • Ќе знаете како да се справувате со вработени/колеги кои имаат конфликтно однесување
  • Ќе ја подобрите соработката помеѓу работните места кои имаат изразена меѓузависност
  • успешно ќе се справувате со тешки клиенти
  • Отворено ќе ги прифаќате и успешно ќе се справувате со поплаки, жалби и примедби од клиентите

 

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ ЗА ОВАА ОБУКА?
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА!

ПРИЈАВА