Стресот е најголемата опасност за секој човек кој живее во современото опкружување. Светската здравствена организација веќе има прогласено светска епидемија на болести предизвикани од стрес.
За Обединетите нации „работниот стрес“ е болест на 21 век. Стресот најдиректно ја загрозува работна ефикасност, ја блокира креативноста и способноста за разумно и објективно проценување и одлучување, нè води кон импулсивни и избрзани реакции, нè прави склони на тензично и конфликтно однесување, ја намалува способноста за објективна анализа и воочување на можностите за решавање на секојдневните проблеми.
Стресот емоционално нè блокира, ни го попречува спиењето и квалитетниот одмор, го загрозува квалитетот на нашиот приватен и семеен живот (како родители, брачни партнери и пријатели).
Како последица на долгорочната изложеност на стрес, без поседување на вештини за негово менаџирање, се појавуваат состојби на хроничен замор, изразен песимизам и незадоволство, повлекување од социјален живот, појави на изразен внатрешен немир, чувство на демотивираност, депресија, панични напади итн.
Во 2010 година, Центарот за развој на претприемачи и Менаџери – CEED ја прогласи оваа обука за најдобра во конкуренција на сите обуки кои се реализирани од многу реномирани обучувачи и обучувачки центри од Македонија и странство.
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
ШТО Е СТРЕС?
- Физиолошката манифестација на стресот во организмот
- Што се стресори
- Дијагностика на лична изложеност на стрес
СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС
- Извори на стрес во работна средина
- Дијагностика на лични стресори
- Техника во седум чекори за „прва помош“ во стресна ситуација
- Алатка – Стрес дневник
ТЕХНИКИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИ ОД СТРЕС
- Техники за дишење, релаксација и опуштање
- Личен план за имплементација на техниките во секојдневието
- Важноста на балансот помеѓу работниот и приватните ангажмани
- Градење на здрави животни навики за остранување на последици од стрес
ТЕХНИКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД СТРЕС
- Техники за менување на когнитивните шеми и соочување со претходни искуства
- Техники за себеменаџирање и себецентрирање
- Техники за менување на мисловниот процес – моќта на позитивното размислување
- Техники за подигнување на самосвесноста
- Ефективна и директна комуникација како начин за превенција од стрес
- Градење на здрави животни навики за превенција од стрес
- Ефективното менаџирање на времето како начин за превенција од стрес
- Ефективното менаџирање на конфликите и проблемите/предизвиците како начин за превенција од стрес
- Личните верувањa и вредности како фактори за стрес
ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС
- Ќе знаете што е навистина стресот, зошто и како се појавува
- Ќе направите точна дијагностика на личната изложеност на стрес
- Ќе ги препознавате симптомите на стресно реагирање во рана фаза
- Ќе го разликувате „добриот“ од „лошиот“ стрес
- Ќе дознаете што се тоа стресори и ќе дефинирате листа на личните стресори
- Ќе знаете како да ги трансформирате личните стресори
- Ќе научите конкретни техники за „прва помош“ во стресни ситуации
- Ќе научите конкретни техники и насоки за ослободување од последиците од изложеност на стрес
- Ќе ги подобрите вештините за менаџирање на времето
- Ќе научите техники за релаксација, техники за дишење, вежби за истегнување и опуштање на телото, техники за влијание на мисловниот процес – позитивно размислување,
- техники за концентрација, техники за смирување и зголемување на самосвесноста
- Ќе научите конкретни алатки за личен развој во насока на превенција од стрес
- Ќе направите личен план за примена на техниките за справување со стресни ситуации и ослободување од последиците од стресот и ќе добиете стручна поддршка во реализација на планот