Најголем благослов за еден човек е да биде способен ефикасно да го помогне развојот на луѓето. Денес многу луѓе се вклучени во формалната или неформалната едукација, но многу малку од нив навистина успеваат да ги поттикнат луѓето на промена.

Познавањето на човековата психологија и начини на реагирање е клучна за да успееме правилно да се поставиме и навистина конструктивно да го поттикнеме развојот на другите. Луѓето имаат многу свесни или несвесни тенденции да го избегнат директното освестување на своите слабости и да почнат да работат на нивно надминување.

Способноста да се подучуваат луѓе е израз на највисока форма на дејствување, а во исто време и највисока форма на поседување на квалитети и способности. Сите ние сме учители и влијаеме едни на други. Но, некој влијае позитивно и успешно, а некој негативно и неуспешно. Способноста да се препознае однесувањето и да се одговори на најдобар можен начин е карактеристика за најсвесните и најподготвените луѓе.

За да може да ги водиме луѓето на патеката на развојот и усовршувањето, потребно е претходно ние самите да сме ја изоделе.

 

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:

  • Сите кои работат на едукација на луѓе во формалното или неформалното образование
  • Сите кои сакаат да станат успешни фасилитатори и поттикнувачи на развој

СОДРЖИНА НА ПРОГРАМАТА

Составена е од низа од обуки, коучинг средби, обсервации на работа и практични задачи. Програмата трае подолго време. Нејзината точна должина ќе се одреди според составот и карактеристиките на групата, бидејќи станува збор за збир од сложени вештини чие совладување не може однапред да биде дефинирано.

Дел од содржините на оваа програма се:

  • Што е развој?
  • Што е целта на развојот?
  • Видови на развој
  • Фазите на развој
  • Улогата на самосвесноста во развојот
  • Работа со група
  • Примена на методи за неформална едукација при работа со група
  • Учење преку методот learning by doing
  • Социјално учење како континуиран процес на себеусовршување
  • Градење на релација со индивидуа базира на меѓусебна доверба
  • Менторство
  • Коучинг
  • Способност за фасилитација на група
  • Справување со специфични ситуации при работа со група
  • Справување со специфични ситуации при работа еден на еден

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

  • Ќе се стекнете со знаење за развојот, неговата цел, карактеристики и улога
  • Ќе се стекнете со знаење за концептот – учење, различните начини на кои луѓето учат и концептот – искуствено учење
  • Ќе знаете ефикасно да практикувате различни методи на работа земајќи ги предвид различните стилови на учење на луѓето
  • Ќе знаете како да работите со група и да поттикнете стекнување на знаење и вештини користејќи ја групата
  • Ќе знаете да примените различни техники за фасилитација на група
  • Ќе знаете да се справувате со различни типови на индивидуи
  • Ќе научите како да работите со индивидуи и да понудите стручна поддршка во процесот на стекнување на нови знаења и вештини