negotiation-skills-training

Денес е изразено тешко да се најдат луѓе кои имаат силни преговарачки вештини. Способноста во исто време да се гради релација на доверба и да се преговара внимавајќи на своите интереси и цели е редок квалитет кај луѓето. Тие или премногу се фокусираат на релацијата или премногу се фокусирани да победат и да извлечат повеќе за себе, занемарувајќи го односот и не градејќи релација за долгорочна соработка.

Преговарањето е аспект од кој зависи успехот на целиот бизнис. Прво, многу е важно при проговарање да успееме да склучиме договор со што ќе отвориме простор за работа на организацијата.
Идентично важно е каква ќе биде содржината на договор. Во процесот на преговарање ги договараме сите аспекти од кои ќе зависи профитабилноста на зделката, временската динамика на нејзина реализација, начинот на плаќање, начинот на достава, начин за осигурување на квалитет, гарантни рокови и уште многу други квантитативни или квалитативни аспекти. Способноста да се испреговара за поповолен договор е клучна за успешно работење и континуирано растење на организацијата.

ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

Термин: ќе се одржи во 2018 (2 дена  обука)
Времетраење: 10:00 до 18:00 часот.
Локација: Скопје, нас. Аеродром (по пријавувањето ќе ви испратиме мапа со локација)
Цена: 8500 денари
Цени со попуст за рана пријава:
Вработени = 6400 денари
Невработени = 4000 денари
Добивате дополнителни 5% попуст ако се пријавите во пар.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

  • Вработени-почетници чиишто работни позиции наложуваат преговарање со клиенти и деловни партнери
  • Вработени кои освестуваат слабости во реализацијата на преговарањето и сакаат да ги усовршат своите преговарачки вештини
  • Раководители од различни нивоа кои се вклучени во преговарачки процеси

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Што е преговарање?
  • Видови на преговори
  • Фази на преговорите
  • Важноста на комуникациските вештини при преговарањето
  • Улогата на говорот на телото и микро експресиите при преговарањето
  • Содржина на пред фазата во преговарањето
  • Дефинирање на БАТНА-та
  • Прва фаза на воспоставување на контакт и почеток на градење на доверба
  • Процес на создавање на доверба
  • Фаза на декларирање на потребите
  • Тактики за преговарање
  • Развивање на контра тактика за секоја тактика
  • Динамика на преговарање
  • Енергија на преговарање
  • Фаза на затворање на преговори
  • Фаза на подготовка на договор

ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС

  • Ќе ги знаете сите типови на преговори и ефикасни тактики на преговарање
  • Ќе научите како да ја имате ситуацијата под контрола и вие да бидете во позиција да ги водите преговорите
  • Ќе можете да ги препознавате тактиките на преговарање што другата страна ги применува и ќе знаете како ефикасно да одговорите на нив
  • Ќе се стекнете со одлични убедувачки способности
  • Лесно и ефикасно ќе се справувате со проблеми, тешки ситуации, тешки клиенти и соработници
  • Ќе ја зголемите продажбата
  • Ќе го зголемите бројот на клиенти и соработници
  • Ќе добиете лојални клиенти на кои ќе им бидете прв избор

ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ ЗА ОВАА ОБУКА?
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА!

ПРИЈАВА