presenting

Како да го свртиме вниманието на јавноста кон нас, нашите идеи, нашите производи, услуги, нашата компанија? Како да го задржиме вниманието и да го претвориме во долгорочна и лојална релација, со придобивки за сите страни?

Зборувањето пред поголема група на луѓе е дел од нашето секојдневие. Без разлика дали станува збор за официјален настап пред голема публика или презентирање на идеја во рамките на работен состанок. Усовршувањето на овој квалитет воопшто не е лесна задача.

Формалното образование ниту ги поттикнува, ниту пак нуди можност за развој на овој тип на вештини. Од друга страна, пак, вакви квалитети се барани да ги поседуваат вработените во секоја професионална дејност. Не е доволно само да имаш стручни вештини, да имаш квалитетен продукт, подеднакво важен е и начинот на кој што се преставуваш себеси и своите идеи или услуги пред колегите, клиентите и соработниците. Тоа е нешто кое што нѐ издвојува од останатите и дава дополнителна важност на тоа што го работиме – прави да бидеме избор број 1, единствен избор.

 

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:

  • Сите кои имаат потешкотии или сакаат да ги усовршат своите способности за јавно говорење
  • Невработени кои се подготвуваат за успешно вработување и за одличен настап на интервјуата за работа
  • Вработени кои имаат потешкотии во успешно презентирање и јавно говорење пред надредените, подредените или колегите
  • Вработени чие работно место бара надпросечни вештините за презентирање или јавно говорење
  • За студенти и ученици кои сакаат да се издвојат од останатите, да научат ефективно да ги презентираат своите идеи и проекти, нивната работа да добие поголема вредност и да остварат поголем успех

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА

  • Што е јавен говор?
  • Видови на јавен говор
  • Структура на говор
  • Процес на подготвување на говор
  • Подготвување на јавен говор
  • Видови на презентации
  • Насоки за подготовка на креативна, прегледна и содржински издржана презентација
  • Улогата на емоционалната интелигенција при јавен говор
  • Насоки при презентирање на радио или ТВ
  • Пречки во јавен говор
  • Техники за надминување на пречките при јавен говор
  • Улогата на надворешниот изглед при јавен говор
  • Улогата на говорот на телото при јавен говор
  • Улогата на паравербалната комуникација при јавен говор
  • Техники за справување со специфични ситуации и специфична публика

ПРОМЕНИ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧАТ КАЈ ВАС НА ЛИЧНО НИВО

  • Вашата самодоверба ќе се зголеми
  • Ќе научите како да управувате со вашите емоции, глас, говор на тело
  • Ќе ги подобрите личните релации – ќе научите како да го привлечете и задржите вниманието на соговорниците
  • Вашите идеи и размислувања ќе добијат поголема вредност – останатите ќе ве разбираат и почитуваат повеќе

ПРОМЕНИ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧАТ КАЈ ВАС НА ПРОФЕСИОНАЛНО НИВО

  • Ќе знаете да ги примените најефективните техники на презентирање на одредена идеја, продукт или услуга
  • Ќе создадете лојална врска со вашите колеги, соработници, клиенти – ќе ве разбираат подобро и ќе ви веруваат повеќе
  • Ќе го зголемите бројот на вашите соработници, клиенти, потрошувачи
  • Ќе станете избор број 1 за вашите клиенти и соработници
  • Ќе креирате можност за добивање на повисока работна позиција