Едни од најбараните и најплатените вештини во денешницата се продажните вештини. Секој може да продава, но не и да продаде!
Денеска е тешко да се најде квалитетен продавач кој на брз, непосреден и ненаметлив начин ќе ги продаде нашите производи и услуги на клиентите и ќе остави простор за следната зделка, започнувајќи и одржувајќи реалација базирана на лојалност.
Научете да продавате лесно, брзо и преку win-win пристап. Научете го процесот темелно. Од предфазата во која ќе ги направиме подготовките, преку оставањето на одличен прв впечаток, до соодветно претставување на понудата низ формулација која ќе ги разбуди потребите на клиентот за вашиот производ, па сѐ до завршните фази на убедување и преговарање.
Усовршете се да ги препознаете тактиките за преговарање на другата страна и одговорете со соодветна контра-тактика, за конечно да ја затворите продажбата на успешен начин преку многуте техники кои ќе ги совладате на обукава.
Некои велат дека продажните вештини се талент, но наше убедување е дека тие се способности кои луѓето треба да ги поттикнат и развијат во себе. Со квалитетна обука и стручен надзор и поддршка голем дел од луѓето можат да бидат надпросечни продавачи.
ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
Времетраење: 10:00 до 18:00 часот.
Локација: Скопје, нас. Аеродром (по пријавувањето ќе ви испратиме мапа со локација)
Цена: 8500 денари
Цена со попуст за рана пријава:
Вработени = 6400 денари
Невработени = 4000 денари
Добивате дополнителни 5 % попуст ако се пријавите во пар
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
- Оние кои сакаат да почнат да работат како комерцијалисти
- Оние кои имаат потешкотии во реализацијата на продажбата
- Оние кои продаваат просечно
- Оние кои често се соочуваат со незадоволни клиенти
- Оние кои не можат да најдат клиенти
- Оние кои не можат да се справат добро со тешки клиенти, поплаки од клиенти или рекламација на производи
- За раководители кои се директно вклучени во продажба и сакаат да ги подобрат и усовршат своите продажни вештини
- За раководители кои сакаат да го унифицираат начинот на продажба и да изградат еднаков однос кон клиентите
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- Што е продажба?
- Фази на процесот на продажба
- Анализа на пазар, клиенти и конкуренција
- Анализа на своите производи
- Дефинирање на конкурентска предност
- Како луѓето одлучуваат… емоционално или рационално?
- Проценка на профил на купувач
- Оставање на одличен прв впечаток?
- Важни аспекти во процесот на градење доверба
- Претставување на производ преку карактеристики, клиентски потреби или конкуретски предности
- Комуникациски и презентациски вештини во продажба
- Преговарачки тактики и контра-тактики
- Соработувачко наспроти натпреварувачко преговарање
- Техники за затворање на продажбата
- Пост-продажна комуникација со клиентите
- Градење на лојални клиенти
- Процес на искуствено учење и само развој преку продажба
- Важноста на невербалната комуникација во продажбата
КОИ РЕЗУЛТАТИ МОЖЕ ДА ГИ ОЧЕКУВАТЕ КАЈ ВАС
- Ќе работите со ентузијазам и решителност бидејќи ќе бидете сигурни во себе
- Ќе ја зголемите продажбата
- Ќе имате задоволни муштерии и клиенти
- Ќе добиете лојални клиенти на кои ќе им бидете прв избор
- Ќе знаете како успешно да започнете, водите и затворите една продажба
- Ќе изградите максимално љубезен однос кон клиентите
- Ќе знаете да ја разбудите потребата за купување и кај муштерии кои дошле само да гледаат/клиенти кои само се информираат
- Одлично ќе ги владеете техниките за убедување
- Ќе се справувате успешно и љубезно со тешки клиенти (зборливи, ќутливи, агресивни итн.)
- Ќе се справувате успешно и љубезно со поплаки и рекламации
- Ќе бидете заслужни за подобрување на целокупниот бренд на вашата компанија и ќе може да конкурирате за повисока работна позиција
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ ЗА ОВАА ОБУКА?
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА!