Животот е полн со предизвици и проблеми. Тие се дел од секојдневието особено во општество како нашето во кое не се систематизирани сите процеси и често мора самите да наоѓаме и креираме решенија.
Образовниот процес во нашата земја е фокусиран да ги научи учениците и студентите „што да мислат“, а не „како да мислат“, им сервира готови одговори. Тоа создава ситуација многу често да имаме проблеми кои се игнорираат, кои се „решаваат“ без да се проучат и да се лоцираат причините, кои во текот на „решавањето“ продуцираат нови и поголеми проблеми.
Способноста за решавање на проблемите следејќи го стандардизираниот процес е гаранција дека ќе бидеме ефикасни во нашето функционирање на личен или професионален план.
Само личности кои се способни да ги решаваат проблемите можат да живеат среќно и успешно!
ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА:
- Сите кои лоцираат слабости во успешното соочување и решавање на секојдневните проблеми и ситуации
- Вработените чија работна позиција содржи решавање на различни ситуации за кои нема стандардизирано и готово решeние
- Студенти и ученици кои сакаат да научат како да ги решаваат предизвиците кои стојат пред нив, наместо да бегаат од проблемите или чекаат друг да ги реши
- Сите кои бараат работа и сакаат да бидат подготвени кога ќе ја добијат
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- Дефинирање на терминот проблем
- Категоризација на проблемите
- Психолошки пристап кон проблемите
- Вообичеани психолошки замки при соочување со проблемите
- Стандарден процес при решавање на проблеми
- Важноста од правилно дефинирање на проблемот
- „Зошто?“ како водечко прашање за откривање на причините за проблемот
- Процес на генерирани креативни и иновативни солуции за решавање на проблемот
- Тестирање на опциите и избор на најсоодветната
- Психолошки замки во процесот на избор на најсоодветна солуција
- Креирање на план за реализација
- Реализирање на избраната опција
- Евалуација на добиениот резултат
- Психолошки замки во процесот на реализација
ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС НА ЛИЧНО НИВО
- Ќе станете свесни за вашиот личен став кон решавањето на проблемите, за вашите слабости и потенцијали
- Ќе развиете позитивен став кон проблемите и нивното решавање
- Ќе се зголеми вашата сигурност во себе и вашите способности
- Директно ќе се соочувате со предизвиците и одлучно ќе пристапувате кон нивно комплетно решавање
- Ќе ги подобрите релациите со вашите блиски личности и пријатели
- Ќе ви се намали стресот, нема да чувствувате постојан притисок поради големата листа на нерешени проблеми и проблематични лични и професионални релации
- Ќе внесете ред и организација во вашиот живот и ќе си го олесните живеењето
ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС НА ПРОФЕСИОНАЛНО НИВО
- Ќе стекнете способност за правилно дефинирање на проблемите и лоцирање на причините
- Ќе научите како да креирате иновативни решенија и да извлечете максимум од секоја ситуација, за доброто на сите вклучени
- Ќе знаете да примените ефикасни техники за одлучување
- Ќе знаете како да планирате и како успешно да го менаџирате реализирањето на активностите
- Ќе научите како системски да им приоѓате на проблемите – ќе креирате процедури за лесно и ефикасно завршување на секоја активност
- Ќе ја зголемите вашата извршителност и исполнителност на резултати
- Ќе си креирате можност за напредок во вашата кариера – повисока работна позиција