Функционирањето во тим е многу присутно во денешното секојдневно живеење. Семејството, емотивниот партнер, роднините, друштвото со кое го поминуваме слободното време, пријателите со кои рекреираме, работната група во која припаѓаме на работното место, се групи кои имаат потенцијал да прераснат во тимови.
Способноста успешно да се функционира во тим е навистина сложен начин на однесување. Таа опфаќа квалитети за добра проценка на членовите на тимот, прилагодување на однесувањето кон секој до членовите, свесно инвестирање во градење на довербата, способности за справување со личности од тимот кои имаат поспецифичен карактер, квалитети за успешно менаџирање на тимски конфликти, способност за несебично служење на тимските цели и задачи наместо само на личните.
Функционирањето во тим е сложен процес, но тој може да се научи. Доколку ги стекнеме и усогласиме потребните вештини, преку успешното тимско функционирање ќе успееме многукратно да го зголемиме ефектот и резултатот од вложениот напор и енергија.
ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ
Времетраење: 10:00 до 18:00 часот.
Локација: Скопје, нас. Аеродром (по пријавувањето ќе ви испратиме мапа со локација)
Цена: 3500 денари
Цена со ваучер:
Невработени – 55% = 1600 денари.
Вработени – 35% = 2300 денари
Цена ако со 1 ваучер дојдат двајца учесници:
Невработени – 60% = 2 х 1400 денари.
Вработени – 40% = 2 х 2100 денари
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
- Сите кои сакаат да станат одлични тимски играчи и сакаат од секоја група да се обидат да создадат тим кој ќе функционира и комуницира ускладено
- Вработени кои лоцираат слабости во функционирањето на нивниот тим, сакаат да разберат зошто се појавуваат пошешкотиите и да направат план за промена
- Невработени кои сакаат да се подготват за успешно тимско функционирање и да си овозможат лесно и ефикасно приспособување на идното работно место
- Оние кои лоцираат проблеми во успешното функционирање на семејството, сакаат да сфатат зошто се случува тоа и како да направат подобрување
- Студенти и ученици кои забележуваат потешкотии во нивното вклопување со луѓето со кои го поминуваат времето и сакаат да го подобрат тоа
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
- Што е група а што тим?
- Фази на развој на групата во тим
- Карактеристики на секоја од фазите на развој на тимот
- Тимски улоги
- Комуникациска динамика во тим
- Конформизам во тим
- Друштвено поттикнување и социјална мрзливост
- Тимски правила и норми
- Видови на моќ и нивната манифестација во тимот
- Процес на градење на доверба
- Конфликти во тим
- Лидерство во тим
ШТО ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ КАЈ ВАС?
- Ќе знаете како да формирате и развивате ефикасни тимови кои ќе даваат резултати
- Ќе ја разберете групната динамика и ќе ги очекувате предизвиците од тимското работење
- Ќе знаете како да ги поттикнете членовите во тимот да се соочуваат директно со предизвиците и своите слабости и ќе знаете како да им дадете квалитетна поддршка за развој
- Ќе знаете да примените конкретни техники за разрешување на конфликти во тимовите
- Ќе научите како да остварувате резултати во соработка со другите и како да им давате поддршка на другите
- Ќе станете свесни за придобивките од работењето во тим
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ СТЕ ЗА ОВАА ОБУКА?
ПРИЈАВЕТЕ СЕ ТУКА!