Откриј кој е твојот стил на комуникација

Categories: личен развој

Секој има карактеристичен стил на комуникација, но дали знаеш ти кој е твојот, кои се неговите силни и слаби страни и каков е во споредба со другите стилови?

Ние ја избравме поделбата што ја има направено Mark Murpy како резултат на неговата долгогодишна истражувачка работа.

4 ОСНОВНИ КОМУНИКАЦИСКИ СТИЛОВИ: аналитичен, интуитивен, функционален и личен

Ниту еден комуникациски стил не е подобар од другите. Но, доколку избереш да примениш погрешен стил на одредена публика, без оглед дали се работи за еден човек или илјада луѓе, тоа може да го запре слушањето и да предизвика проблем во релацијата. Важно е да научиш да ги применуваш различните пристапи и да бидеш флексибилен околу користењето на твојот стил за да може другите да ги слушнат важните работи што имаш да им ги кажеш и комуникацијата да заврши успешно.

АНАЛИТИЧЕН КОМУНИКАТОР

  • сакаш статистика, факти, броеви
  • обично не им веруваш многу на луѓе кои не користат факти и бројки
  • зборуваш јасно и конкретно, не користиш апстрактни зборови (пр. ако колегата ти каже продажбата помина позитивно, ти обично одговараш: а, што значи тоа позитивно? Дај ми бројка!)
  • имаш помалку трпение за луѓе кои ги применуваат другите стилови особено кога се користат чувства и емоционални зборови во комуникацијата

Силна страна: можеш да ги погледнеш проблемите разумно; другите ти веруваат бидејќи користиш релевантни информации и факти

Слаба страна: може некои луѓе да те доживеат ладно и нечуствително. Аналитичните комуникатори потешко се разбираат со личните комуникатори.

ИНТУИТИВЕН КОМУНИКАТОР

  • ја гледаш големата слика, не пазиш на детали
  • размислуваш неконвенционално
  • сакаш да поставуваш високи цели
  • немаш потреба да ги знаеш сите работи по ред како се случуваат, одиш директно на крајната цел

Силна страна: комуницираш концизно и фокусирано; поставуваш високи цели и не се плашиш од предизвици

Слаба страна: немаш трпение за работни задачи кои бараат детално работење и може така да пропуштиш важни поенти. Интуитивците најтешко се разбираат со Функционалните комуникатори кои користат чекор-по-чекор пристап, ориентирани се на процесот и луѓето и сакаат детали.

ФУНКЦИОНАЛЕН КОМУНИКАТОР

  • сакаш процес, временски рамки и добро осмислени планови
  • сакаш да ги комуницираш работите чекор-по-чекор
  • внимаваш на детали и не сакаш ништо да пропуштиш

Силна страна: добро планираш и работиш детално и кога работиш во тим другите те избираат за реализатор затоа што имаат доверба дека детално и фокусирано ќе го водиш процесот.

Слаба страна: може да го изгубиш вниманието од Интуитивците кога комуницираш со нив, нема да може да те ислушаат бидејќи нив им се важни само клучните аспекти. А, од друга страна, пак, тоа те иритира и мислиш дека тие нешто пропуштаат.

ЛИЧЕН КОМУНИКАТОР

  • важни ти се емоциите и врските и го користиш тоа за да дознаеш што навистина другите мислат
  • важно ти е што другите мислат, но што чуствуваат
  • добар слушач си и добар дипломат
  • лесно ги решаваш конфликтите и
  • битно ти е да изградиш здрави релации со другите

Силна страна: градиш длабоки и долгорочни релации со луѓето и обично може да забележиш некои работи кај другите луѓе што другите не можат да ги видат поради тоа што го следиш емоционалниот аспект во комуникацијата

Слаба страна: може некои да те доживеат како многу “осетлив“ особено Аналитичарите кои повеќе сакаат бројки, логични дискусии и вашата комуникација знае да те вознемири.

КОЈ Е ТВОЈОТ КОМУНИКАЦИСКИ СТИЛ?

Клучот е прво да го разбереш својот комуникациски стил за да може после да го приспособиш со стилот на соговорникот. Приспособувањето на стиловите е важен аспект од ефективната комуникација без оглед дали зборуваш со твојот шеф на работа, со твоите вработени или публика од илјада луѓе.

Реши го тестот тука.

Користен извор: https://bit.ly/2P0bFg3