Едно поинакво пролетно будење …

Институт Симбиотика со огромна радост ве поканува на една несекојдневна и уникатна дводневна работилница на која ќе отпатувате длабоко во себе и ќе го продлабочите својот личен развој.

На работилницата ќе се работи моќна техника (deep imagery) преку која ќе можете да ги исцелите траумите од минатото, ќе ги освестите и трансформирате потиснатите емоции и искривените ставови и перцепции за себе.

Едноставно ќе се вратите во својата природна состојба на постоење.
Ќе станете комплетни, балансирани и свои!

2-ДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА под водство на РАФАЕЛА МАЈАНА РОМИЕРИ:
„Откријте ги повторно 4-те димензии на вашето постоење: низ мислите, чувствата, сетилата и имагинацијата“

*работилницата биде на англиски јазик, со превод на македонски.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

Секој кој што е подготвен да се развива и да направи суштинска и долготрајна промена во својот живот.

ЗОШТО Е ВАЖНО ПОВРЗУВАЊЕТО СО СИТЕ 4 ДИМЕНЗИИ: МИСЛИ, ЧУВСТВА, СЕТИЛА И ИМАГИНАЦИЈА?

🍃 Во моментот на нашето раѓање ние сме отворени и ранливи битија кои длабоко и во потполност го чувствуваат и внатрешниот и надворешниот свет. Првите часови од нашиот живот оставаат длабок печат на тоа како ќе го перцепираме светот. Тогаш сме најранливи. Тогаш лесно може да се случи повреда на нашите сетила под влијание на некој надворешен стимул и за да живееме полесно, целосно или делумно ќе замрзнеме дел од нашите сетила.

🍃 Подоцна, кога учиме да зборуваме, ние се фокусираме само на развивање на умствените способности. Логичното размислување ја превзема целосната внатрешна контрола за да може да ги исполниме барањата на средината. Во овој процес на приспособување кон надворешниот свет, ние полека се одвојуваме од емоциите и од нашата најстара и најдлабока свесност – имагинацијата.

🍃 Динамиката на нашите семејства не’ присилува да потиснеме одредени емоции. Кога детето ќе увиди дека родителите го отфрлаат кога изразува лутина или тага или некое друго чувство, тоа брзо учи дека треба да го потисне, за да биде сакано и прифатено од најблиските.
Со тек на време учиме да замрзнуваме се’ повеќе и повеќе емоции, губејќи се себе си во процесот.

ШТО ЌЕ ДОБИЕТЕ?

Ние сме многу повеќе од само ум кој размислува. Иако се идентификуваме најмногу со размислувањето, сепак важно е да знаеме дека постојат и други идентично важни димензии кои чекаат да бидат откриени.
Образованието и општеството ни вршат притисок да научиме како најдобро да го користиме умот.
Се фокусираме само на користење на мислите и ја губиме врската со останатите 3 димензии: чувствата, сетилата и имагинацијата, кои се подеднакво важни за нас и нашето среќно, мудро и ускладено живеење.

❗ На оваа работилница ќе имате можност да отпатувате во вашата длабока имагинација и да ги запознаете вашите внатрешни водичи на Мислите, Чувствата, Сетилата и Имагинацијата.
Вашите внатрешни водичи ќе ви покажат кои замрзнати делови од вашата живост и свесност се подготвени да се разбудат и ќе направите повторна врска со нив.

Со воспоставување на врска со заборавените делови од себе ќе имате можност да ја продлабочите вашата свесност и со поинакви очи да го погледнете светот во и околу себе.

🦋 Преку внатрешните патувања ќе се почуствувате комплетни, балансирани, свои!

ЗА ОБУЧУВАЧКАТА И МЕТОДОТ НА РАБОТА:

Рафаела Мајана Ромиери доаѓа од Австрија и работилницата ќе ја реализира со примена на методот на длабока имагинација (познат и како Тhe Personal Totem Pole Process) чиј творец е проф. д-р Стивен Галјегос, психотерапевт од САД. Техниката се базира на психолошките постулати на Карл Јунг во комбинација со шамански методи. Се работи за интернационално признаена дисциплина која се применува во многу земји низ светот.
Важно: Не е потребно претходно искуство и познавање на методот за да може да учествувате.

ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

ЛОКАЦИЈА: Скопје
РЕДОВНА ЦЕНА: 8500 ден

ЦЕНА СО ПОПУСТ ЗА РАНА ПРИЈАВА ДО: 20.04.2019:
Вработени – 25% = 6000 денари
Невработени – 50% = 4000 денари.
*добивате дополнителен попуст за пријава во пар

РЕГИСТРАЦИЈА
Пополни пријава тука: https://bit.ly/2HLgJ7R

Со радост ве очекуваме!

info@simbiotika.mk; 070 26 99 11