Институт Симбиотика повторно ве поканува на едно уникатно развојно патување до себе си.

За да се поврзете со вашата внатрешна моќ и убавина, ја обновите енергијата и го продолжите процесот на воспоставување на баланс, спокој и среќа.

3-ДНЕВЕН СЕМИНАР ЗА ЛИЧЕН РАЗВОЈ,
СО ПРИМЕНА НА МЕТОДОТ “DEEP IMAGERY”,
ПОД ВОДСТВО НА РАФАЕЛА МАЈАНА РОМИЕРИ

Ние постојано си кажуваме на себе “приказни” за тоа кои сме ние и какви сакаме да бидеме. Но, малку знаеме за сложеноста на нашата внатрешност и како да се ориентираме внатре.

Често се наоѓаме привлечени од двата различни пола: разумот од една страна и емоциите од спротивната страна.

И сигурно би било многу олеснително ако постои некој метод со кој би се поврзале со различните делови од себе, за да ги спознаеме вистински и да создадеме простор за нивно интегрирање и хармонизирање.

Методот “deep imagery” (длабока имагинација) го нуди токму тоа и ни овозможува да го постигнеме посакуваниот внатрешен баланс, спокој и среќа.

На 3-дневната работилницата со Мајана Рафаела Ромиери (13-15 септември) ќе имате можност да отпатувате длабоко во себе за да се соочите со своите лични предизвици и ја започнете трансформацијата на вашите стравови, дисфункционални верувања и перцепции за себе.

*работилницата биде на англиски јазик, со превод на македонски.

КОЈ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВА?

Секој кој што е подготвен да се развива и да направи суштинска и долготрајна промена во својот живот.

ЗОШТО Е ВАЖНО ПОВРЗУВАЊЕТО СО НАШИТЕ 7 ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТРИ

Секоја точка од нашето тело претставува извор на енергија, но седум од нив се сметаат за главни. Тие почнуваат на почетокот на ‘рбетот и завршуваат на темето на главата. Низ нив тече енергијата во нашето тело, тие нѐ држат во баланс.
Нивната функција е да го витализираат физичкиот дел и да помогнат во развојот на самосвеста.

Кога енергетските центри (чакри) не се во баланс и енергиите се блокирани, основната животна енергија на индивидуата ќе биде забавена. Таа ќе се чувствува изморена, депримирана, со многу простор оставен на негативни ставови, страв и сомнежи.

Што кажуваат за нас 7-те чакри?

  • Коренска чакра – Каде припаѓам? Кое е моето место во светот?
  • Сакрална чакра – Дали си давам простор да ги изразам сите мои чувства? Имам ли “забранети” емоции?
  • Чакра на соларниот плексус – Како мојата внатрешна моќ се манифестира во светот?
  • Срцева чакра – Каква е мојата релација со себе си?
  • Грлена чакра – Дали си дозволувам на себе си да ја зборувам мојата внатрешна вистина? Дали имам способност да изразам како се чувствувам
  • Челна чакра – Која е мојата визија за животот?
  • Темена чакра- Дали се чувствувам поврзан/а со повисока сила, универзумот?

На deep imagery работилницата учесниците ќе прават внатрешни патувања (еден вид на визуелизација) под водство на Рафаела Мајана Ромиери, искусна практичарка, сертифицирана од страна на Интернационалниот институт за визуелизација и истражување (http://deepimagery.net).

Тие ќе се поврзат со внатрешните водичи на своите 7 чакри, на индивидуално ниво.
Ќе дознаат што е потребно да се транформира во нив за да енергијата слободно тече, ќе поминат низ уникатни лични промени и ќе научат како да го одржуваат контактот со себе за да се постигне посакуваниот баланс во нашето тело и дух.

ЗА ОБУЧУВАЧКАТА И МЕТОДОТ НА РАБОТА:

Рафаела Мајана Ромиери доаѓа од Австрија и работилницата ќе ја реализира со примена на методот на длабока имагинација (“Deep Imagery”, познат и како Тhe Personal Totem Pole Process) чиј творец е проф. д-р Стивен Галјегос, психотерапевт од САД.

Методот на работа е уникатен спој на:
☄️ теоријата за активна имагинација, развиена од Карл Густав Јунг
☄️ источната теоретска ориентација која го разбира човекот како систем на енергии и енергетски центри
☄️ древната индијанска практика на комуникација и учење од животните

Се работи за интернационално признаена дисциплина која се применува во многу земји низ светот.

Важно: Не е потребно претходно искуство и познавање на методот за да може да учествувате.

ИСКУСТВА НА УЧЕСНИЦИ НА DEEP IMAGERY СЕМИНАРИТЕ

  • Сандра Авросиевска

“На семинарите на Мајана им се радувам како на средба со самата себе, како на патување во моите внатрешни светови каде сѐ е можно. Надреални пејзажи, животни стварни и нестварни, фантастични предели и секогаш необични и непредвидливи случки.

Преку внатрешните патувања понирам длабоко до мојата интуиција, до моето вишо Јас кое секогаш ми дава точен увид во состојбите и ситуациите кои на свесно ниво ги доживувам, и за тоа сум бескрајно благодарна.”

  • Мирјана Ѓорѓевска Ѓуров

“Имав можност да посетам 5 “Deep Imagery” семинари, на различни теми, со д-р Стивен Галјегос и Мајана Ромиери и продолжив да го користам методот индивидуално – ги препорачувам од срце!

Секој пат откривам нови работи за себе, ми помага да се соочам со моменталните емоционални предизвици, потиснати емоции, минати искуства, да се најдам себе си во хаосот и динамиката на секојдневието, да се смирам одвнатре и посвесно да пристапам кон надвор.

Научив да си верувам повеќе на себеси и да си бидам сама своја најголема поддршка!”

Институт Симбиотика на голема радост ја започна соработката со Рафаела Мајана Ромиери во мај, 2019, кога се одржа “deep imagery” работилницата: „Откријте ги повторно 4-те димензии на вашето постоење: низ мислите, чувствата, сетилата и имагинацијата“.
Им се заблагодаруваме на сите кои што ни се придруживте на тоа себе-откривачко патување. Им се радуваме на промените кои се случија во секој од вас и се гледаме повторно во септември!

ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

ЛОКАЦИЈА: Скопје
РЕДОВНА ЦЕНА: 10000 ден

ЦЕНА СО ПОПУСТ ЗА РАНА ПРИЈАВА до 09.09.2019:
Вработени – 25% = 7500 денари
Невработени – 50% = 5000 денари.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОВОЛНОСТИ:
*попуст за пријава во пар
*плаќање на рати

РЕГИСТРАЦИЈА
Пополни пријава тука: https://bit.ly/2RXyDHH

Со радост ве очекуваме!

info@simbiotika.mk; 070 26 99 11