Лазар е човек кој e фасциниран од лидерството во сите негови форми на манифестирање.

Воедно негова главна страст е анализирањето и решавањето на проблеми и предизвици.

Тој има активен, динамичен, борбен, оптимистички, решителен, отворен и храбар пристап кон животот.

Има неколку општествени улоги. Тој е армиски офицер, универзитетски професор, обучувач, мотивациски говорник и консултант.

На приватен план се труди да биде посветен татко и верен и вреден сопруг.

Дополнително, тој е јога инструктор, младински работник, активист за чист воздух, борец за попросперитетно, поправедно и поорганизирано општество.

Ја сака, ја бара и се труди да ја зборува вистината. Верува дека, колку и да боли, вистината е најважното нешто што треба да биде кажано и што може да нѐ ослободи.

Неговото животно мото е: Ок… и што можеме да научиме сега од ова?
Прифаќањето на ситуациите и себеменувањето низ предизвиците го смета како клучно за среќен и успешен живот.

Тој верува дека само вистинското лидерство ќе го спаси и ќе донесе напредок во човештвото, општеството, организациите и во семејствата.

Негова животна мисија е да ги инспирира и подучува луѓето да го развијат лидерот во себе. Секојдневниот лидер. Луѓето да почнат во секојдневието да се водат себеси и другите кон успеси и похармонично и посреќно живеење.

Д-р Лазар Ѓуров е основач и претседател на СИМБИОТИКА. Преку него го помага развојот на луѓето и организациите во насока да ги искористат своите неограничени потенцијали и да функционираат успешно и среќно.

Академско искуство

Во 2012 година е избран за доцент на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип (ugd.edu.mk)

Во 2012 е назначен за предметен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на Факултетот за јавна администрација и политички науки по предметот Learning and development. (seeu.edu.mk)

Како универзитетски професор реализира настава на Воената академија (va.edu.mk) по предметите:
Комуникации и комуникациски вештини,
– Лидерство и раководење,
– Организација и менаџмент
– Менаџмент на човечки ресурси

Во 2013 година е избран е за професор на висока стручна школа на Бизнис Академија Смилевски – БАС (bas.edu.mk) за предметите:
– Стратегиско водство,
– Интерперсонални деволни вештини,
– Деловно преговарање,
– Напредно преговарање,
– Синергирање.

Во 2017 година е избран за вонреден професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип (ugd.edu.mk)

Консултантско искуство

11 годишно искуство во реализација на обуки, курсеви, мотивациски настани, семинари, јавни предавања за индивидуи, граѓански организации и бизнис компании во следните области: лидерство, претприемништво, менаџмент, комуникации, тимбилдинг, конфликт менаџмент, менаџмент на време, менаџмент на стрес, преговарање, продажни вештини итн.

Од соработките со граѓанските организации ги издвојуваме:

СОС Детско село Македонија (sos.mk)
-тимбилдинг за сите вработени
-супервизија на младинската програма и развивање на предлог-документ за квалитетно унпаредување на програмата
-консултанство со цел имплементација на работната позиција Директор на младинските програми
-реализација на тренинзи за лидерство и менаџмент, конфликт менаџмент, фасилитирање на состаноци, комуникациски вештини.

РОМАВЕРЗИТАС (www.romaversitas.org.mk)
-реализација на обуки на следните теми: лидерство, комуникациски науки, конфликт менаџмент, тимска работа, активизам итн.
-реализација на обука за јавно говорење

МЛАДИТЕ МОЖАТ (youthcan.org.mk)
-обуки за членството: вработување, волонтерство, мотивација, граѓански активизам, комуникациски вештини, менаџирање на време итн.
-коучинг и обуки за раководството: менторство, стратешко планирање и координирање, мотивирање, водење состаноци итн.
-главен предавач на лидерски младински кампови
-говорник на годишниот инспиративен настан за млади, Мотивациски викенд.

Од соработката со бизнис компании ги издвојуваме:

МОТОЦЕНТАР (www.motocentar.com.mk)
-Проект за организациски развој: “Воведување на нова организациска структура и фасилитирање на процесот – воведување на нова работа позиција Операциски директор”.
-коучинг со генерален директор, маркетинг директор, операциски директор
-тимбилдинг тренинг со менаџерскиот тим

Поликлиника ДЕНТА ЕС (www.dentaes.mk)
-Проект за организациски развој “Стандардизација на организациските процеси и креирање на официјален организациски правилник за функционирање на”
-коучинг со менаџерскиот тим
-обуки за раководство: лидерство и менаџмент, мотивација и коригирање на вработени, менаџмент на време
-обуки за вработени: конфликт менаџмент, комуникациски вештини, развој на тим

БИРОСЕФ (www.birosafe.com)
-Проект за организациски развој “Дијагностицирање на внатрешните организациски процеси и креирање на официјален организациски правилник за функционирање”.
-обуки за вработени: тимбилдинг и комуникациски науки
-коучинг со генерален директор

Севкупната листа на реализирани едукативни активности од д-р Лазар Ѓуров може да ја погледнете тука.

Јавни предавања и говори

Предавање на тема „Личните вредности на лидерот како гаранција дека нема да се случи злоупотреба на лидерската моќ“ во Алумни Асоцијацијата на Иванов Школата за лидери (ИСЛАА), 2015.

Предавање на тема „Критичкото размислување како еден од базичните квалитети на лидерите“ во Алумни Асоцијацијата на Иванов Школата за лидери (ИСЛАА), 2015.

Говорник на Мотивациски ден, во организација на Младите можат, 2014.

Говорник на Мотивациски викенд, настан за мотивирање на млади преку споделување на лични успешни приказни од говорниците, во реализација на Младите можат, 2015.

Предавање на тема „Лидерство“ на лидерската академија организирана од Preparing Global Leaders Institute, во рамките на која свои предавања имаа и реномирани професори од Oxford University и Georgetown University, 2013

Личен развој и духовност

д-р Лазар Ѓуров покрај формалната едукација паралелно има работено на својот личен развој низ низа од курсеви, семинари, практики и обуки.

Како најважно би издвоиле:

Интегрална јога која вклучува асани, техники за дишење (пранајама), техники за концентрација, медитација. Подоцна учествува во основањето и развојот на Центарот за јога и личен развој, каде во период од 2,5 години самостојно водел групи. За неговото успешно работење сведочат одличните впечатоци и напредокот на практикантите.

● Основен курс за АЈУРВЕДА и ајурведска масажа, Под водство на Габриело Фереро од Интернационалната школа за холистичка и неуропатска естетика од Италија.

Традиционално Реики, под водство на Реики мастер Сузан Дејвис има завршено прво и второ ниво.

● Неколку семинари за внатрешни патувања и внатрешна имагинација под водство на Стивен Гаљегос, САД и на Рафаела Мајана Ромиери, Австрија.

● Неколкудневни семинари „Интензив за просветлување“ во организација на Центарот за хармоничен развој на човекот, работени по методологија на Charles Berner.

Објавени книги

ЛИДЕРСТВО: состојка која групата ја прави тим а членовите лидери, Лазар Ѓуров, ЕВРОПА 92 КОЧАНИ, 2016, ISBN 978-608-66035-0-2

ЛИДЕРСТВО, Ангелина Танева Вешовска, Љубомир Дракулевски, Лазар Ѓуров, Академска книга, 2015, ISBN 978-608-4749-00-4

Биографски податоци

Лазар Ѓуров е роден 1978 година во Штип.

Основно и средно училиште завршува во Штип.

Се запишува на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје. Успешно го завршува школувањето и станува офицер на Армијата на Република Македонија.

На почетокот на својата кариера го завршува „Курсот за лидери“, каде е избран помеѓу првите 5 од 150-те офицери кои го следеле курсот.

Во 2003 година го завршува курсот „Лидери за 21-ви век“ во Европски Центар за безбедносни студии „George C. Marshall“, Гармиш Партен Кирхен, Германија.(marshallcenter.org)

Во 2005 година, го завршува NATO STAFF OFFICER ORIENTATION COURSE во NATO School, Oberammergau, Германија. (natoschool.nato.int/)

Во 2006 година, го завршува курсот за „Комуникациски вештини и односи со јавноста“ во Регионалниот тренинг центар за комуникации – Министерство за одбрана.

После тригодишна континуирана едукација, во 2007, го завршува универзитетскиот Курс „Тренинг за тренери“ и станува сертифициран тренер од Универзитет за Едукација и Комуникации, Jönköping, Шведска. (hj.se/hlk/en.html)

Во 2008 година, завршува „Обука за обучувач“ за темите: Комуникации, разрешување конфликти и медијација, Правата и заштитата на немнозинските етнички заедници и нивното застапување, Граѓанско учество и развивање на партнерства, поддржана од Мисијата на Европската Унија.

Член е на МЕНСА – Македонија, Организација на луѓе со надпросечен коефициент на интелигенција. (mensa.org.mk/)

Во 2011 година докторира на Економскиот факултет, Универзитет „Свети Кирил и Методиј„ – Скопје, на тема „Влијанието на лидерството врз развојниот процес на тимот и неговите членови за ефективен менаџмент на организацијата“. (eccf.ukim.edu.mk)