СИМБИОТИКА го шири својот тим!

Со целосна поддршка и отвореност ве покануваме да ни се приклучите во остварување на нашата мисија – посветено помагање на индивидуите и организациите континуирано да учат, ефикасно да се справуваат со предизвиците и успешно да ги остваруваат своите цели.

Институт Симбиотика работи на пазарот на развој на човечки ресурси повеќе од 10 години. 

Имаме долго и солидно портфолио: реализирани обуки и  работилници со над 1000 индивидуи; реализирани обуки за развој на вработени во повеќе од 40 компании (домашни и интернационални), граѓански организации, државни институции, амбасади. 

Ве покануваме да станете дел од тим кој со многу љубов и посветеност работи на истражување на потребите на вработените, креирање на програми и едукативни материјали, реализација на обуки, тимбилдинзи, коучинзи итн.

Ви ја нудиме нашата поддршка и можност да учите од нашите досегашни искуства и успешни проекти. Во исто време ние сме подготвени и отворени да учиме од вас, вашите искуства, идеи и предлози.

Кои се соодветни профили за оваа работна позиција: психолози, психотерапевти, педагози, бизнис консултанти, луѓе со искуство во секторот за човечки ресурси и слични позиции.

Во  кои активности би биле вклучени?

  • Подготовка на едукативни програми, вежби и материјали за курсеви и обуки на темите: лидерство, менаџмент, тимска работа, ефективна комуникација, трансформација на конфликти, преговарање, продажба, менаџмент на време, ефективно водење на состаноци, оценување и развој на вработени, мотивација на вработени и сл.
  • Креирање на нови образовни програми
  • Реализација на обуки и коучинзи
  • Подготовка на програми и вклучување во реализација на тимбилдинзи
  • Подготовка и спроведување на истражувања 
  • Одржување комуникација и давање поддршка на наши клиенти
  • Пишување и менаџирање на проекти
  • Подготовка на содржини за настани, промоции и кампањи за промоција на услугите на Симбиотика

Сите кои што сте заинтересирани може да го испратите вашето CV на info@simbiotika.mk.
Воедно, би сакале и на кратко да ни објаснете кој е вашиот мотив да станете дел од нашиот тим и како би придонеле имајќи ги предвид вашите компетенции и досегашно искуство.

Процесот на пријавување ќе трае до 15.03.2024 до 16:30 часот.

Нашата земја има многу потреба од развој, како на индивидуално така и на организациско ниво.

Стани дел од тим кој нуди содржини кои вистински трансформираат и развиваат!

 

Со радост ги очекуваме вашите пријави!
Институт Симбиотика: Само преку развој до успех и среќа!