КОРИСТИМЕ МЕТОДОЛОГИЈА КОЈА СИГУРНО ВЕ НОСИ ДО УСПЕХ И СРЕЌА

  1. Работиме јасно, практично и применливо.
  2. Нашите обуки се лесни, разбирливи и инспиративни.
  3. Содржините се засновани на научни истражувања и богато професионално искуство.
  4. Учесниците директно работат на дадени предизвици и се соочуваат со своите слаби и јаки страни.
  5. Преку практични вежби ги применуваат новите техники и пристапи, се обидуваат, грешат и се усовршуваат.
  6.  Применуваме уникатен пристап за максимизирање на развојот: Обука + период на примена + коучинг (еден на еден) или групна рефлексија.
  7.  Добивате сертификат потпишан од универзитетски професор и верификуван обучувач од Школата за едукација и комуникација, при Универзитетот во Јончепинг, Шведска.

КОРИСТИМЕ ИНОВАТИВЕН ПРИСТАП ВО ТРАНСФОРМАЦИИТЕ НА ОРГАНИЗАЦИИТЕ

  1. Ѝ приоѓаме на секоја компанија посебно и својствено на потребите. Применуваме tailor-made пристап (скроено по мерка).
  2. Правиме детална анализа на работењето на организацијата и дијагностика на предизвиците. Како резултат на дијагностицираните проблеми подготвуваме конкретни и практични решенија.
  3. Темите на обуките се актуелни и применливи за различни дејности.
  4. Нудиме пакети за комплетен организациски развој кои вклучуваат градење на капацитетите на раководните тела и вработените и подобрување на целокупниот систем на функционирање.
  5. Нудиме иновативен мотивациски продукт за зголемување на продуктивноста и учиникот на вработените – Мотивациска трансформација на компании.
  6. Нудиме иновативен продукт за максимална усогласеност на тимот – Синергичен тимбилдинг – нова перспектива на тимската работа.
  7. Пакетите за организациски развој и мотивациска транформација на компании се приспособливи на различни дејности.

ПОСВЕТЕНО И ГРИЖЛИВО ГРАДИМЕ РЕЛАЦИИ СО НАШИТЕ КЛИЕНТИ И СОРАБОТНИЦИ

  1. Имаме долго и солидно портфолио: реализирани обуки и работилници со над 1000 индивидуи; реализирани обуки за развој на вработени во повеќе од 40 компании (домашни и интернационални), граѓански организации, државни институции, амбасади.
  2. Имаме лојални клиенти кои ја препознаваат СИМБИОТИКА како нивен долготраен партнер во осигурувањето на нивниот континуиран раст и развој.
  3. Нашите обуки и услуги континуирано добиваат одлични и позитивни критики.