Зошто е важно да ја развиеме ЕМОЦИОНАЛНАTA интелигенција

Categories: личен развој

 

EQ E НОВОТО ВИСОКО IQ

Многу експерти, денес, веруваат дека емоционалната интелигенција може да е и поважна од когнитивната интелигенција и дека е позаслужна за успехот, квалитетот на личните и професионални релации и за севкупната среќа.

ЕИ е одговорна за вашата внатрешна среќа и надворешен успех!

Емоционалната интелегенција не е само важна за оние кои се во постојана комуникација со луѓе на нивното работно место. Емоционалната интелегенција е всушност можност за балансиран живот.

Важна е за секој аспект од нашиот живот.

ФИЗИЧКО ЗДРАВЈЕ – Способноста да се грижиме за нашето тело, за нашето здравје и да раководиме со секојдневниот стрес е цврсто врзана за нашата емоционална интелигенција. Само кога ќе бидеме свесни за нашата емоционална состојба и нашите реакции на стресот ние ќе може да раководиме со стресот и да се грижиме за нашето здравје.

МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ – Емоционалната интелигенција влијае на нашето однесување и нашиот став за животот. Може да помогне во справувањето со анксиозност, депресија и променливо расположение. Високата емоционална интелигенција директно е врзана за имањето на позитивен став и отворен однос кон животот.

РЕЛАЦИИ – Со подобро разбирање и раководење на нашите емоции, ние ќе станеме способни да ги комуницираме нашите емоции на поконструктивен начин. Истотака, ќе може подобро да ги разбереме и другите. Разбирањето на потребите, чувствата и емоционалните реакции на другите ќе направи да изградиме посилни и поквалитетни лични и професионални релации.

РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ – Кога ќе научиме како да им даваме можност на другите да ги изразат нивните емоции, да користиме емпатија и да ја разбереме туѓата перспектива ќе може многу полесно да ги разрешуваме конфликтите. Всушност ќе може позитивно да ги трансформираме уште во раната фаза. Истотака ќе може полесно да преговараме бидејќи ќе знаеме како да ги препознаеме потребите и интересите на другите и да изнаоѓаме креативни win-win решенија од кои ќе имаат и двете страни придобивки.

УСПЕХ – Високата емоционална интелигенција ќе направи да сме повеќе мотивирани, нема да ги одложуваме обврските, ќе имаме зголемена самодоверба, подобар фокус и ќе се насочиме кон директно остварување на нашите цели. Воедно, ќе ни помогне да изградиме добра мрежа на поддршка, полесно да создаваме пријатели и соработници и да сме поотпорни на пречки и проблеми.

ЛИДЕРСТВО – Способноста да ги разбереме и мотивираме другите, да оствариме позитивни соработки и силни врски со колегите на работа прави луѓето со повисока емоционална интелигенција да се подобри лидери. Ефективниот лидер може да ги препознае потребите на другите и знае соодветно да одговори на нив, а како резултат на тоа вработените се мотивирани, си ја сакаат работата и остваруваат поголеми резултати.

Емоционално-интелегентниот лидер е способен да создаде силни тимови, умее да ги препознае реалните капацитети на луѓето, да ги позиционира луѓето на вистинското место, вистински да ги мотивира и заедно да остварат натпросечни резултати.

ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА СЕ УЧИ И РАЗВИВА – Секој може да научи како да раководи со своите и туѓите емоции, да управува со своите емоционални реакции, да гради квалитетни релации и да продолжи да го живее животот побалансирано, послободно и посреќно.

Важно е да пристапите одговорно и одлучно кон вашиот личен развој и да сте отворени за стекнување на ново знаење и примена на нови пристапи.

Само преку развој до успех и среќа!