Емоционална интелигенција – одговорна за 80% од професионалниот успех

Categories: личен развој

✔ Паметен си?
✔ Имаш висок IQ?

Дали знаеш дека твојот IQ e одговорен за само 20% од успехот на работното место и задоволството во животот?

Тогаш, каде се останатите 80%?!

Истражувањата покажуваат дека постои еден друг вид на интелигенција која во себе ги содржи најважните животни вештини за постигнување успех и среќа – тоа е ЕМОЦИОНАЛНАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Ова не го предаваат на факултет.
Низ текот на животот даваме многу пари за стекнување образование, знаење и диплома, а воопшто не инвестираме во себе и во нашите лични животни вештини.
Но, истите се најважни за успех на работното место.

Што е ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА?

Уште од 1990 година, Питер Саловеј и Џон Маер ги воделе истражувањата за емоционална интелигенција. Тие ја дефинираат емоционалната интелигенција како “подмножество од социјална интелигенција која во себе ја вклучува способноста да се следат сопствените и туѓите чувства и емоции, да прават разлика меѓу нив и да се користат овие информации за водење на нечие размислување и активности”.

Саловеј и Маер предложиле модел на идентификување на четири различни фактори на емоционалната интелигенција:

  1. Препознавање на емоциите
  2. Способноста да се разберат емоциите и чувствата
  3. Способноста да се контролираат (не потиснуваат!) емоциите
  4.  Способноста на управување со емоциите

Препознавање на емоциите

Првиот чекор во разбирање на емоциите е истите точно да се препознаат. Во повеќето случаи, тоа вклучува разбирање на невербални знаци како што се говорот на телото и фацијалните изрази. Преку нив ние можеме и кај себе и кај другите луѓе точно да детектираме со која емоција се соочуваат. Без точна проценка на емоционалната состојба не се можни идните чекори, затоа е многу важно да се стекне правилно знаење за невербалниот говор, паралингвистиката и фацијалните експресии.

Разбирање на емоциите

Емоциите носат со себе најразлични значења. Важно е да разбереме зошто постои секоја емоција, како настанала низ еволуцијата, кога се јавува, за да можеме целосно да ја разбереме. Во оваа фаза стекнуваме богато знаење за емоциите и нивната природа и преку тоа стануваме способно истите да ги деконструираме – да погледнеме точно што стои позади секоја емоција која ја чувствуваме, ние или другите.

Контрола на емоциите

Регулирање на емоциите и чувствата, одговарање на истите соодветно и одговарање на чувствата и емоциите на другите луѓе. Контрола не значи потиснување. Значи да бидеме способни да одлучиме свесно на кој начин, во кои околности и со кого ќе ги експресираме нашите емоции. Не да бидеме роб на емоциите, туку ние да ги контролираме истите.

Управување со емоциите

Способноста да се управува со емоциите ефикасно е клучна работа во емоционалната интелигенција. Во оваа фаза ние учиме како да ги користиме емоциите во наша корист. Преку следење на нашата внатрешна состојба ги зголемуваме и развиваме нашите силни страни, се насочуваме кон активности кои ни причинуваат среќа, влегуваме во здрави врски со луѓето околу нас. Свесни сме за своите слаби страни и активно работиме на нив. Ги користиме емоциите и пораките кои ни ги праќаат за да изградиме поквалитетен живот. Тука се вклучени способноста за: емпатија, себемотивација, дисциплина, асертивност.

Зошто емоционалната интелигенција е толку важна за работното место?

Луѓето кои ја поседуваат оваа интелигенција е докажано дека се поуспешни на професионален план од останатите. Тие се способни да го пронајдат вистинскиот пат на најдобар и најлесен можен начин преку луѓето без разлика дали тие им се надлежни, обични колеги или подредени. Разбирањето и управувањето на своите и на чувствата на тие околу вас е несомнено многу корисна способност за мотивирање на самите себе, менаџирање на вашето расположение, контрола на импулсивните реагирања и подобрување на квалитетот на вашиот живот во целина.

Често е тешко и претставува предизвик да се соработува со различниот тип на луѓе со коишто се среќаваме на работното место – било да се работи за колега, потрошувач, надреден и сл. За успешно работење на една компанија е неопходно нејзините вработени да бидат способни да ги контролираат и да управуваат со своите и емоциите на другите, со што ќе избегнат или решат одредени конфликти или проблеми во комуникација и ќе создадат кохезивна и пријатна работна средина. Лицата со висока емоционална интелигенција го умеат ова.

Што мислите, дали вие ја поседувате оваа интелигенција?

Дали сте способни да ги препознаете сопствените и емоциите на луѓето околу вас?

Дали можете да управувате со вашите емоции?

Доколку сметате дека има простор за подобрување, ви ја препорачуваме нашата 3-дневна обука за Емоционална интелигенција. Низ детално креирана програма ги совладувате сите 4 компоненти на ЕИ и многу повеќе, низ практични вежби и активности.

Слушнете ги искуствата на учесниците на обуката кои направија промена во својот живот:
http://bit.ly/2nPajJm – Бојан Н. и Билјана
http://bit.ly/2Eavhcg – Арјета и Бојан М.