
Дали некогаш сте се запрашале како некои луѓе постигнуваат да имаат неограничен успех и во личниот и во професионалиот живот? Како сѐ да им оди од рака и секогаш го добиваат она што го посaкуваат, а притоа сите околу нив се задоволни и среќни?
Тоа може да биде затоа што тие имаат висока емоционална интелигенција.
Емоционалната интелигенција е способноста на идентификување и управување со сопствените емоции и емоциите на другите. Лицето кое има високо развиена емоционална интелигенција со сигурност има:
– Емоционална свесност, која ја вклучува способноста на идентификување на сопствените емоции и на туѓите
– Способност на користење на емоциите и нивна примена на задачи како што се решавање на проблеми
– Способност на управување со своите емоции, како што е способноста да се смирите кога сте вознемирени.
Ова се останатите квалитети кои емоционално интелигентните луѓе ги имаат:
1. ТИЕ СЕ ПОДГОТВЕНИ НА СЕКОЈА ПРОМЕНА
Луѓето со висока ЕИ не се плашат од промени. Тие разбираат дека тие се неопходен дел од животот – и се прилагодуваат на истите. Ова е лесно за нив бидејќи тие знаат дека во процесот на промена ќе можат успешно да ги управуваат своите емоции и во таа ситуација наместо опасност, гледаат можност за нешто ново и подобро.
2. ТИЕ СЕ САМОСВЕСНИ
Тие знаат во што се добри и што сè уште треба да се развиваат – ги познаваат добро своите силни страни и максимално ги користат во секојдневново функционирање, а слабостите не ги држат назад. Оваа свесност и искреност со себе им овозможува да ги согледаат, да ги прифатат слабите страни како реалност која постои и да донесат одлука да почнат да ги менуваат.
3. ТИЕ СЕ ЕМПАТИЧНИ
Способноста да се поврзат со другите луѓе кај емоционално интелигентните луѓе ја прави ЕИ неопходна на работното место. Со поседување на ваква способност да разберат низ што соработниците или клиентите минуваат, лицата со висока ЕИ можат да поминат преку тешки и нови ситуации без драма и обесхрабрување – а тоа е желба на секој работодавец за својот вработен.
4. НЕ СЕ ПЕРФЕКЦИОНИСТИ
Иако се секогаш силно мотивирани, луѓето со ЕИ знаат дека совршенството е невозможно. Тие ги прифаќаат своите слабости, учат од грешките и се свесни дека истите ќе се случуваат низ процесот. Не го бараат совршенството кое не постои туку секогаш се стремат да се подобри од претходно со што навистина почнуваат да ги извршуваат задачите на поефикасен и на некој начин, совршен начин.
5. ЗНААТ ДА ОДРЖАТ БАЛАНС
Лицата со висока ЕИ ја знаат важноста на балансот во животот. Тие знаат како да одржуваат здрава професионално-лична рамнотежа во нивните животи. Напорно работат и се посветени, но внимаваат на себе, вежбаат, добро се хранат, одвојуваат време за спиење, имаат интереси надвор од работата и секогаш одвојуваат време за своте блиски.
6. ГО ПРАВАТ СВЕТОТ ПОДОБРО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
Разбирајќи се себеси и луѓето околу себе, тие можат да придонесат за што попријатна атмосфера секаде каде што присуствуаат. Знаат кога и што да кажат, помагаат на другите и зрачат позитивна енергија и оптимизам. Светот навистина би бил поубаво место за живеење доколу повеќето луѓе се емоционално интелигентни!
