
Проф. д-р Лазар Ѓуров е основач и главен консултант на Институт СИМБИОТИКА.
Тој има преку 15 годишно искуство во реализација на обуки, тимбилдинзи, консултатски проекти, мотивациски говори, коучинзи и други форми на развојни активности.
Како универзитетски професор реализира настава на Воената академија (va.edu.mk) по предметите Лидерство, Организација и менаџмент, Комуникацијаски вештини и др.
Ги инспирира и ги подучува луѓето да го развијат својот лидерски потенцијал, ефективно да ги водат тимовите кон постигнување на резултати и градење на позитивна организациска култура.

М-р Мирјана Ѓорѓевска Ѓуров е Извршна Директорка и Главна консултантка во СИМБИОТИКА.
Има повеќе од 10 годишно искуство во реализација на програми за организациска култура, спроведување дијагностика во организации и обуки за развој на soft skills наменети за вработени во компании, граѓански организации, наставници, родители.
Главната внатрешна мотивација која ја поттикнува посветено да работи на развој на себе и другите, гласи: „Сè додека сме отворени за учење, имаме неограничена можност да се развиваме и придонесуваме во околината во кои живееме и работиме!“
Николина Крстаноска е дипломиран психолог и Консултантка за учење и развој во СИМБИОТИКА.
Во едукација е за Гешталт психотерапија и има искуство со групи за личен раст и развој.
Нејзиниот фокус е на човечкиот потенцијал и градење на посвесни, флексибилни и поврзани работни средини.
Работи на проекти за организациски развој и други иницијативи со компании од различни индустрии, каде што спојува психологија, практични алатки и учење преку искуство.
Елена Здравковска e дипломиран психолог и Консултантка за учење и развој во СИМБИОТИКА. Има завршено програма за Менаџмент на HR.
Нејзиниот фокус е создавање на ефикасни тимови и подобрување на тимската динамика, лидерскиот капацитет и културата на континуирано учење.
Работи на организација на тимбилдинзи и обуки за лидерство и тимска работа.
САМО ПРЕКУ РАЗВОЈ ДО УСПЕХ И СРЕЌА!


